Подобри ја ефикасноста на деловниот процес со СМС или Viber-известувања интегрирани во деловниот софтвер.

17 Јул 2025

Веројатно сите сме свесни дека ефикасната комуникација е клучна за непречено функционирање на една компанија. Затоа, во Даталаб решивме да го надградиме PANTHEON со интегрирано SMS или Viber-известување, кое ја комбинира брзината, сигурноста и директноста на комуникацијата. Во продолжение ви ги претставуваме предностите на SMS-известувањата поврзани со календарот за нарачки, а со тоа и патот до зголемена ефикасност на вашите деловни процеси.

Па, кои се предностите на SMS (Viber) известувањата?

Брза и сигурна комуникација

Интеграцијата на SMS-известувања во вашиот ERP систем овозможува моментална комуникација со клиентите, вработените и добавувачите. Со испраќање на SMS порака, можете брзо и едноставно да ги информирате клиентите за потврдени нарачки, промени во роковите или можни доцнења. Ова осигурува дека сите вклучени во деловниот процес секогаш се информирани, што придонесува за поголема усогласеност и подобрена ефикасност.

Автоматизација и персонализација

Интеграцијата на SMS-известувањата со календарот за нарачки овозможува автоматизација на процесите и прилагодување на пораките според поединечни клиенти или настани. Што значи ова?

На пример, можете однапред да ги потсетите клиентите дека се приближува рокот за правење нарачка или да им испратите персонализирана порака со информации за статусот на нивната постоечка нарачка. Но можностите не запираат тука — интегрираните Viber и SMS пораки може да се користат и за низа други деловни намени, како што се:

  • потсетување за состаноци или термини,

  • испраќање промотивни понуди или попусти,

  • информирање за нови производи или услуги,

  • потврда за успешно извршена нарачка или плаќање,

  • известувања за промени во работното време или достапноста,

  • брзи интерни известувања до вработени или соработници.

Овие пораки обезбедуваат брз, директен и личен начин на комуникација со сите релевантни страни, односно – секој клиент добива персонализирана порака токму за него. Ова значително придонесува за подобрување на корисничкото искуство, ефикасноста на тимот и целокупната продуктивност на компанијата. Со автоматизација и прилагодување на содржината според секој клиент или ситуација, вашата компанија гради поцврста врска со клиентите и ја зајакнува нивната доверба и лојалност.

Навремени известувања и потсетници

Со помош на SMS или Viber известувањате можете да испраќате навремени предупредувања и обавестувања за итни промени или настани поврзани со календарот за нарачки. На пример, информирајте ги вработените за нови нарачки или промени во закажаните испораки. На овој начин се избегнуваат доцнења и недоразбирања, и се обезбедува навремено информирање на сите заинтересирани страни.

Побрзо одговарање и навремена реакција

Со SMS или Viber известувањата постигнувате поголема одзивност и побрза реакција од страна на клиентите, вработените или добавувачите. Кога ќе добијат порака преку SMS или Viber, тие веднаш можат да одговорат или да преземат акција. Ова придонесува за подобра координација и побрз одзив во деловните процеси, истовремено намалувајќи го времето што инаку би се трошело на испраќање e-Mail или телефонски повици.

Подобра следливост и транспарентност

Со SMS и Viber известувањата лесно можете да ја следите комуникацијата и да добивате важни пораки. Ова ви помага да имате поголема транспарентност и следливост во деловните процеси, а исто така ви овозможува брзо да реагирате на евентуални предизвици или проблеми. Во исто време, вашите клиенти добиваат целосен увид за најновите информации и статус на своите нарачки.

Кога ги интегрирате SMS известувањата во ERP системот заедно со календарот за нарачки, добивате многу придобивки за поефикасно работење. Брза и сигурна комуникација, автоматизирани и персонализирани пораки, навремени известувања и подобрена следливост се само дел од предностите што ги носи ова решение. Со подобрено известување, ќе им овозможите на вашите клиенти подобро искуство, а на вашиот тим полесна координација и побрза реакција.

Повеќе информации за SMS услугата од PANTHEON, можете да прочитате ТУКА, или пишете ни на info@datalab.com.mk.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X