,

Сметководителот на иднината: Интервју со Милица Николовска – директорка на Fin Solution

12 Авг 2025

Разговаравме со Милица Николовска, директор на сметководственото биро Fin Solution, за нејзиниот професионален пат во областа на сметководството, за тоа како се менува улогата на современиот сметководител и зошто без дигитализација денес е невозможно да се води успешен сметководствен сервис. Дополнително, поразговаравме и за PANTHEON и иднината на оваа бранша.

Што е она што ве привлече кон сметководството? Дали од самиот почеток знаевте дека сакате да тргнете во таа насока, или е тоа резултат на некој друг пат?

Иако мојата студиска насока на факултет беше финансиски менаџмент, а не конкретно сметководство и ревизија, мојот професионален пат природно ме одведе во сметководствената област.

Првата практична можност ја добив како практикант во сметководствено биро, каде за првпат одблиску се запознав со значењето и тежината на сметководството во функционирањето на една компанија. Она што навистина ме привлече беше можноста преку сметководствените евиденции да се добие целосна слика за работењето на фирмата – од оперативното секојдневие до стратешките финансиски одлуки. Тоа искуство ја разбуди мојата љубопитност и интерес, кои со тек на време прераснаа во професионална пасија и посветеност кон оваа област.

Вие сте директорка на успешното сметководствено биро Fin Solution. Како би ја опишале улогата на современиот сметководител денес?

Улогата на современиот сметководител е многу поширока од традиционалното водење на книги. Денес се очекува да биде аналитичар, стратешки советник и активен поддржувач на деловното одлучување. Работи во динамична средина, со постојана потреба од следење на трендови и прилагодување кон нови алатки и процеси. Современиот сметководител е клучна алка во бизнисот и неговиот развој.

Во последниве неколку  години се почесто се зборува за дигитална трансформација во сметководството, Како вие како директорка го гледате овој развој и какви промени забележувате во секојдневната работа?

Дигиталната трансформација веќе донесе значајни промени во сметководствената професија, а тоа се чувствува и во нашето секојдневно работење.

Забележуваме зголемена ефикасност, подобра организираност и поедноставување на бројни процеси. Се помалку се користи хартиена документација, а сè повеќе се работи со дигитални алатки и автоматизирани системи, што овозможува побрза и поточна обработка на податоци.

Овој развој го гледаме како позитивна насока која му овозможува на сметководителот да се фокусира на повредносни активности и да биде вистинска поддршка за деловното донесување одлуки.

Во вашата компанија се користи деловната програма PANTHEON Accounting, како оваа програма им помага на вашите вработени да работат побрзо, поразбирливо и со помалку грешки? Дали можеби имате некоја омилена функционалност во PANTHEON?

Користењето на PANTHEON Accounting во нашето сметководствено биро значително ја подобри ефикасноста и точноста во секојдневната работа. Програмата овозможува автоматизација на голем број повторувачки процеси, како што се книжењата, пресметките на даноци и автоматското генерирање на стандардни и прилагодени извештаи. Тоа во голема мера го намалува ризикот од грешки, а воедно штеди време и ресурси.

Посебна предност е можноста за работа со дигитална документација – документите се внесуваат и обработуваат без потреба од печатење и мануелно архивирање, што придонесува за побрза обработка и подобра организација.

Дополнително, PANTHEON овозможува генерирање на различни типови извештаи, кои нудат поголема прегледност и овозможуваат поефикасна контрола врз финансиското работење на клиентите. Тоа ни помага да донесуваме подобро информирани одлуки.

Како дознавте за ERP решението PANTHEON? Дали имаше предизвици со кои се соочувавте во сметководството пред имплементацијата на PANTHEON?

За PANTHEON дознавме преку препораки и информации дека станува збор за еден од водечките ERP системи за сметководство и деловно работење на Балканот. Овој софтвер, развиен од страна на Datalab од Словенија, е широко присутен во Македонија како и југоисточна Европа и користен од голем број компании благодарение на флексибилноста и прилагодливоста што ја нуди.

Пред воведувањето на PANTHEON, се соочувавме со многу рутински, мануелни книжења кои одземаа значајна количина време и носеа ризик од човечки грешки. Дополнително, подготовката на потребните извештаи и анализи знаеше да биде подолга и побавна. Тоа ја зголемуваше работната оптовареност и претставуваше реална пречка за поефикасно работење.

Со изборот на PANTHEON, решивме да го надминеме токму тој предизвик — автоматизацијата на процесите и дигитализацијата, како што претходно опишавме, ни овозможија да се фокусираме на суштинското: анализа, одлуки и поддршка за клиентите.

Кои функционалности во PANTHEON ви делуваат како клучни за премин во “Сметководство на иднината”? Можете ли да наведете некој пример од праксата?

Функционалностите како eКнижење, еДокументација, лесна подготовка на извештаи со само неколку кликови, како и автоматизираното вчитување на банкарски изводи и нивно раскнижување, се клучни за преминот кон модерно и ефикасно сметководство.

Овие алатки ја зголемуваат прецизноста, ја намалуваат можноста за грешки и значително го скратуваат времето за секојдневна обработка.

Како решенијата што ги нуди PANTHEON Accounting го менуваат односот помеѓу сметководителот и клиентот? Дали комуникацијата е по непосредна? Имате ли повеќе време за советување?

Со примената на PANTHEON, голем дел од административните и технички задачи се автоматизирани, што ни овозможува да посветиме повеќе време на директна комуникација и советување со клиентите. Работата е побрза и поорганизирана, а тоа резултира со поефикасен однос и поголема доверба. Клиентите добиваат појасни и навремени информации, а ние сме подостапни за стратешка поддршка, не само за тековно книжење.

 

Дали можеби забележувате дека клиентите денес очекуваат повеќе анализа и увид во податоците, не само предадени извештаи? Како ви помага PANTHEON Accounting во тоа?

Да, се забележува јасен тренд – клиентите денес очекуваат повеќе од класичните извештаи. Тие сакаат анализа, толкување на бројките и практични совети засновани на податоци. PANTHEON ни помага во тоа преку брз пристап до релевантни финансиски информации, визуелни извештаи и детална прегледност по категории, периоди, трошоци и приходи.

Ова ни овозможува да подготвиме поквалитетни анализи и да понудиме навремени и информирани препораки што имаат реална вредност за клиентот.

Што навистина најмногу ви значи при соработката со клиентите? По што, според ваше мислење, се разликува добро сметководствено биро од одлично и каква улога при тоа игра квалитетната деловена програма, како што е PANTHEON?

Најмногу ни значи довербата и отворената, навремена комуникација со клиентите. Кога постои взаемна соработка и разбирање, можеме навистина да бидеме поддршка, а не само извршители на административни обврски.

Добро сметководствено биро ги исполнува законските обврски точно и навремено. Одлично биро, пак, оди чекор понатаму – нуди вредност преку анализа, советување и проактивен пристап. Токму тука квалитетната деловна програма како PANTHEON има клучна улога. Таа овозможува ефикасна работа, точни податоци и лесен пристап до информации, што е предуслов за навремени совети и стратешка поддршка за клиентите.

Кога би можеле денес да започнете да градите “Биро за сметководство на иднината” од нула, какви темели би поставиле? Кои технологии, компетенции и пристапи би според вас биле клучни?

Првиот и најважен темел би бил изборот на квалитетен, стабилен и флексибилен софтвер, како што е PANTHEON. Современото сметководствено биро мора да се базира на дигитални решенија и автоматизација. Покрај тоа, би вложиле во едуциран тим со отвореност кон нови технологии и со проактивен пристап кон клиентите.

 

Канцелариите на Fin Solution 

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X