Со PANTHEON DMS намалете ги трошоците, зголемете ја ефикасноста и поедноставете го работењето

17 Мар 2021

Електронските или хартиените документи се составен дел од нашата деловна активност. Дали некогаш сте се запрашале колку време поминувате во компанијата за преземање и внесување документација и колку всушност вие ја работите вашата реална работа? Сè уште препишувате податоци и информации? Дали знаете колку грешки правите и колку тие грешки ве чинат?

Првичната цел на решението е управување со документи, што овозможува електронско снимање и контрола на работниот тек преку управување со целата документација во компанијата. Системот обезбедува побрз проток на документи во компанијата, ги намалува трошоците за ракување со документи и овозможува ефикасен пристап до документите и информациите кога ни се потребни.

“Компаниите започнуваат да ја користат оваа услуга еДокументација, како би направиле контрола на електронскиот бизнис. Современиот систем на документација, поврзан со деловните процеси, ја подигнува организацијата на компанијата и продуктивноста на вработените на повисоко ниво, а пред се го регулира управувањето со документите и нивното чување. Системот за документација PANTHEON DMS не само што овозможува управување и споделување на документите, туку исто така управува со целиот животен циклус во компанијата на сите видови документи.“, објаснува Марија Николовска, консултант за е-услуги во Даталаб МК.


Што е PANTHEON DMS?

PANTHEON DMS е сеопфатно решение што овозможува деловно работење без хартија. Решението е моќен систем за документација што овозможува лесно пребарување и обработка на документите, преку претходно дефинирани деловни процеси.

Зошто да користите DMS?  

Компаниите користат систем за документација за контрола на е-бизнисот. Современиот систем на документација, поврзан со деловните процеси, ја зголемува организацијата на компанијата и продуктивноста на вработените на повисоко ниво, а пред се го регулира управувањето со документите и нивното чување.

PANTHEON DMS не е само управување со документи и нивна размена, туку исто така управува со целиот животен циклус на различни видови документација. Решението комбинира WorkFlow на едно место – однапред дефинирани деловни процеси, управување со еДокументации и еКниговодство.

Кои се клучните придобивки

Поголема деловна ефикасност – едноставно работење со документација и зголемена ефикасност.

Сè на едно место – решението овозможува централизирано управување со документите во компанијата и процесите кои се важни за бизнисот.

Безбедност – пристапот до документите е контролиран и достапен за секого.

  Намален рачен влез и помалку грешки – системот овозможува оптичко читање на документите, избегнувајќи го непотребното препишување и последователни грешки.

Лесно и брзо пребарување документи – напредниот пребарувач овозможува брзо и лесно пребарување документи.

Зголемена мобилност – пристап до документите во било кое време.

Автоматизација на процесите – управување со целиот животен циклус на документацијата.

Ажурирани деловни информации – директната размена на документите овозможува постојана контрола врз деловните активности и секогаш ажурирани информации.

Имајте контрола над документите и деловните процеси.

Во зависност од природата на вашата деловна активност, системот за управување со документи (DMS) може да понуди неколку клучни придобивки за вашата организација. Покрај тоа, со избегнување на деловна активност без хартија, избегнуваме акумулација на документација, печатење и пишување и обезбедуваме јасна видливост на креирање, прегледување и корекција на документите. На тој начин им обезбедуваме правна важност и можеме да ги чуваме подолго време во наменски архиви. Воведувањето на PANTHEON DMS е дефинитивно пожелно, бидејќи го олеснува усогласувањето со законот за водење евиденција, а истовремено оптимизира одредени административни процеси и со тоа заштедувате време и им се олеснува работата на вработените.

Повеќе информации прочитајте на https://www.datalab.com.mk/erabotenje/pantheon-dms/ или јавете ни се на 070/360 749 за да ви одговориме на вашите прашања.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X