БЕСПЛАТЕН ОНЛАЈН ВЕБИНАР

Како да го поедноставите работењето во градежништвото?

Градежништвото, односно градењето на високи градби најчесто се базира на прецизни работни операции кои ги изведуваат работниците, помогнати од специфични производни процеси. Најчесто градежните компании за високи градби се карактеризираат со:

  • Значаен број на вработени вклучени во процесот на градежништво
  • Бројот на операции / фази во процесот на градење е голем
  • Големи трошоци кои е задолжително да се евидентираат

Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може градежните процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на Даталаб во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во компании кои се во градежната индустрија, и се стекна со одлични искуства и референци.

Администрацијата на градежните компании треба да овозможи:

  • Планирање на ресурсите (машините и вработените)
  • Планирање на репроматеријалите
  • Cost Accounting – евиденција на сите директни и индиректни трошоци за еден проект
  • Нормирање на операциите и исплата на бонуси за успешност
  • Градежни книги

Контролата овозможува и анализа / споредба помеѓу планираните и реалните трошкови за проектот, а со тоа и пресметка на реалниот трошок за истиот. Секако, контролниот процес овозможува и следење на вработените и нивното остварување на нормативите, па со тоа и нивно наградување согласно резултатите.

Деловните системи мора да обезбедат и квалитетни информации за сите процеси во изградбата. Достапните и навремени информации, во динамичната околина, се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.

Во прилог ви подготвивме видео „Како да го поедноставите работењето во Градежнштвото“, со едноставно аплицирање на контакт формата, видеото ќе ви го пратиме на вашата е-маил адреса.

Доколку ви се потребни повеќе информации слободно побарајте ги нашите консултанти на 02 3079 231 или пишете ни прашања на info@datalab.com.mk.

X