БЕСПЛАТЕН ОНЛАЈН ВЕБИНАР

Видео: Продажба и продажен менаџмент

Превземете го бесплатното видео од одржаниот вебинар, каде ќе погледнете практични решенија за унапредување на продажниот процес.

Продажбата е движечката сила на секоја компанија. Доколку продажбата не ги испорачува бараните резултати, компанијата има реален проблем, дури и ако сите останати сектори работат одлично. Затоа е многу значајно ПРОДАЖБАТА да ги има сите потребни алатки, обуки, средства за работа.

Што може да Ви помогне за да ја зголемите продажбата ?
Луѓето кои се на прва борбена линија, треба да ги имаат сите потребни алатки. Не смее да се дозволи губење на продажби, затоа што не сте ги опремиле вашите продавачи со потребните алатки. Нашиот одговор на ова е MERP мобилната апликација, централизирана платформа за понуди и договори, интегриран sales funnel!

Мобилната апликација MERP, претставува модерна алатка за теренска продажба. Алатка која ќе го унапреди вашиот продажен процес, и која ќе ви помогне да ја зголемите продажбата. Со помош на MERP, ќе ги решите следниве ситуации со кои можеби се соочува вашиот продажен тим:

  • Рачно пишување на нарачките
  • Губење на нарачки од клиентите
  • Задоцнета испорака кон вашите клиенти
  • Отежнато планирање на дневните рути за посета на клиентите
  • Отежнато планирање на дневните рути за дистрибуција на робата
  • Недостапност до потребните податоци во процесот на продажба

Ова се многу чести проблеми, дури и во компании кои имаат некакво софтверско решение за теренска продажба. Мобилната апликација MERP успешно се справува со сите предизвици за теренска продажба. Имплементирана во повеќе држави во регионот, има акумулирано практично искуство за унапредување на продажниот процес.

Предавач: Сашо Јовановски, Директор на Даталаб МК

*** За повеќе информации јавете се на 02 3079 231 или пратете меил до Sasho.Jovanovski@datalab.com.mk

X