Видео запис: Новости во PANTHEON верзијата 10.0.49.00
Погледнете ја снимката од вебинарот: Новитети во PANTHEON 10.0.49.00
Не успеавте да присуствувате на нашиот вебинар? Ви ја подготвивме снимката за да можете во секое време да ги погледнете најновите функционалности и подобрувања во PANTHEON верзијата 10.0.49.00.
На вебинарот ги претставивме новите можности и покажавме како тие можат да ви помогнат да ја направите секојдневната работа поедноставна, појасна и поефикасна.
За новитетите и можностите во PANTHEON зборуваа Симона Маџарова, Андриана Андонова и Бојан Спасовски, кои низ практични примери ги претставија новите функционалности.
Што ќе видите во снимката?
Следење и решавање на поплаки поврзани со фактури
Погледнете како новиот WorkFlow го води корисникот низ целиот процес на решавање на одбиени фактури, овозможувајќи обработка според јасно дефинирана процедура и подобра контрола врз целиот процес.
Пребарување со целосен текст и eOCR
Дознајте како за само неколку секунди можете да ги пронајдете потребните документи и информации во нив, без рачно прегледување на голема количина документација.
Ќе видите и како eOCR овозможува пребарување низ скенирани документи и слики со претворање на нивната содржина во пребарлив текст.
Microsoft Office Add-in за PANTHEON DMS
Погледнете како директно од Microsoft Word можете да отвoрате, уредувате и зачувувате документи во PANTHEON DMS, како и да пристапите до нивните метаподатоци, поврзани документи и други важни информации.
Доколку имате дополнителни прашања или ви е потребна помош при поставување и користење на функционалностите, обратете ни се на 02 3079 231 или пишете ни на info@datalab.com.mk.

