П.И.К. Ко Македонија
П.И.К.Ко Македонија е дел од интернационалната групација П.И.К.Ко, чија главна определба е да обезбеди нови репро-материјали и функционални суровини за прехрамбената индустрија со цел да се промовира производството на храна до ниво на светски стандарди.
Од 2007 година, тие имаат сопствено производство на функционални смеси и додатоци, така што брендот на П.И.К.Ко стана иновативен добавувач на идеи и решенија. Денес П.И.К.Ко е лидер во трговијата со суровини и репро-материјали во сите гранки на прехрамбената индустрија.
Предизвик
Бидејќи П.И.К. Ко е една брзорастечка компанија со стабилен раст, се појави потреба да се воведе нов информациски систем кој би успеал да го следи нивниот сегашен и иден раст и соодветно да го поддржи нивното производство, како и управувањето со финансиите: плати, кадри, извештаи и итн.
Решение
PANTHEON е во употреба од 2015 година и успешно ја управува нашата работа веќе трета година. Основна причина за избор на PANTHEON е потребата од финансиски извештаи кои ги поднесуваме до матичната компанија во Бугарија. PANTHEON нуди можност кај корисничкиот интерфејс да е на локален јазик, а извештаите да се на англиски јазик. Едноставно, можат и извештаите да се извезуваат во Excel.
Заклучок
Маја Стефковска, раководител на финансии во компанијата П.И.К. Ко Македонија, истакна која е главната причина зошто PANTHEON е одлично решение за нивната компанија, а тоа е бидејќи ги опфаќа сите делови, од комерцијала, материјален и финансиски дел. Пред воведувањето на PANTHEON, тие користеа програма која опфаќала само комерцијален аспект, но не и финансиски. Со PANTHEON, различни делови се интегрираа во една целина, со што се подобри увидот во целокупната финансиска состојба на компанијата.
Сега компанијата има целосна контрола врз финансиската состојба на компанијата, а програмата, исто така, влијае на зголемената мотивација и ефикасност на нашите вработени, бидејќи таа помогна да се заштеди време и да се зголеми продуктивноста.