Сакаме да ја споделиме со вас, нашата успешна приказна во компанијата ЛИОН, каде го имплементиравме нашето софтверско решение Pantheon. Направивме една кратка прошетка до Свети Николе, каде договоривме едно кратко интервју со Извршниот директор на компанијата ЛИОН, г-динот Ристе Ристевски.
Даталаб МК: Г-дин Ристевски, кажете ни малку повеќе за вашата компанија ЛИОН, кои сте и што произведувате?
Г-дин Ристевски: Компанијата ЛИОН се наоѓа во Свети Николе, и е успешна компанија која има 150 вработени. Произведуваме квалитетни кондиторски производи, каде сме наградени со златни медали на повеќе саеми и манифестации. Освен на домашниот пазар, производите на ЛИОН се продават и во повеќе земји од регионот и Европа. Обемот на производство на ЛИОН е 2500 тони кондиторски производи годишно, со план за постојан раст и зголемување на производството, освојување на нови пазари и проширување на палетата на производи.
Даталаб МК: Нашите ЕРП консултанти кај Вас го имплементираа Pantheon решението? Можете ли накратко да ни кажете како започна оваа приказна?
Г-дин Ристевски: Во нашата индустрија има високи стандарди за менаџирање на залихите, производствените процеси и готовиот производ, кои подразбираат прецизно менаџирање на шаржите, кои се користат и за следење на нивниот рок на употреба.
Тргнувајќи од овие позиции, дојдовме до голема потреба да користиме професионален деловен систем, кој ќе може производствените процеси да ги администрира, контролира, но и да не информира за сите значајни параметри. Па така, тука влезе во приказната тимот на Даталаб, каде во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во компании слични на нашето работење, и ни помогна да го добиеме сето ова што го баравме.
Даталаб МК: Накратко, што конкретно Ви се подобри во работењето со Pantheon?
Г-дин Ристевски: Во нашата компанија направивме целосна интеграција на Pantheon, од финансово работење, плата, производство до материјално работење и нарачки. Во однос на старото решение, Pantheon ни ги исполни очекувањата, бидејќи добивме подобрување во процесот на производството, направивме интеграцијата со софтверот за да работиме преку мобилни уреди, добивме автоматизиран репортинг на дневно ниво, па се до репортинг на реализирани и нереализирани понуди.
Даталаб МК: Г-дин Ристевски, кажете ни малку повеќе за проблемите кои ги имавте со старото решение и како ги решивте со PANTHEON?
Г-дин Ристевски: Според мене, деловните системи мора да обезбедуваат квалитетни информации за сите процеси во компанијата. Достапните и навремени информации, во динамичните компании се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.
Старото деловно решение не ги исполнуваше овие стандарди и моравме да направиме чекор нанапред за да можеме и ние заедно со ЕРП решението да растеме како компанија. Затоа, тимот на Даталаб ни изработи сопствени модули кои најдоа примена во нашата компанија, со кои се зголеми ефикасноста во работењето и администрирањето на производството.
Добивме одлично менаџирање на залихите по шаржа (лот) и следливост на истиот во готов производ. Добивме точна производствена цена, го следниме прогресот на работните налози, бројот на операции, имаме значаен број на вработени вклучени во процесот на производство, при што е неопходно да се знае секој вработен кој учествувал во некоја производствена операција. Со Pantheon сега имаме флексибилно комерцијално работење а и што е најзначајно во овој КОВИД период добивме целосна дигитална трансформација на сите оперативни процеси.
Даталаб МК: Дали Вие би го препорачале на останатите компании деловниот програм Pantheon и зошто?
Г-дин Ристевски: Дефинитивно, го препорачувам на сите компании ЕРП решението Pantheon, на сите зрели компании кои сакаат да растат заедно со истото деловно решение и пак ќе потенцирам, што е најважно во овој КОВИД период да бидат дигитално трансформирани во сите оперативни процеси.
ЛИОН
032 443 793
https://www.lion.com.mk
lion_riste@t-home.mk