КУЛТ – Бренд што расте со сигурна организација и дигитални процеси

Приказната на КУЛТ започнува во 1993 година во Куманово, со јасна визија – на клиентите да им понуди сигурни производи, професионална услуга и искрен пристап. Денес, повеќе од три децении подоцна, КУЛТ е препознатлив бренд со модерен продажен салон и внимателно селектирана понуда на бела техника, климатизација, системи за греење, TV и аудио решенија.
Преку континуиран раст, модернизација и воведување современи дигитални процеси, КУЛТ постојано го унапредува корисничкото искуство, задржувајќи го фокусот на квалитетна услуга, доверба и долгорочни односи со клиентите.
Потреба од стабилен систем за современо работење
Со проширувањето на асортиманот, зголемувањето на бројот на производи и секојдневните оперативни процеси, во Култ се јавува потреба од систем кој ќе овозможи подобра организација, брзина и контрола во работењето.
Денес во Култ Куманово се користи PANTHEON ERP како централно решение за управување со малопродажните, финансиските и логистичките процеси.
Дејан Трајановски – Сопственик на Култ Куманово:
“Пред да започнеме да го користиме PANTHEON, се соочувавме со неколку предизвици кои се типични за компании што растат брзо. Дел од процесите ни беа рачни, информациите беа распределени на повеќе места, а координацијата одземаше многу време. Имавме потреба од побрз пристап до информации и поефикасно следење на целокупното работење. Со растот на компанијата, стана јасно дека ни е потребен систем кој ќе ги поврзе сите процеси на едно место.”
Поддршка во секојдневното работење со PANTHEON
Во малопродажниот објект на Култ, PANTHEON ERP овозможува:
- моментална проверка на залиха,
- печатење етикети за полици и производи,
- креирање акциски ценовници,
- како и подготовка на персонализирани понуди за купувачите.
Секој посетител на салонот добива професионално подготвена понуда, што дополнително го подобрува корисничкото искуство и продажниот процес.
Оптимално управување со залихи

Еден од најзначајните модули за КУЛТ е модулот за автоматизирано креирање нарачки кон добавувачите. PANTHEON користи повеќе параметри, како:
- минимална и оптимална залиха,
- продадени количини за одреден период,
- динамика на продажба.
На овој начин, компанијата успева да обезбеди оптимално ниво на залиха и навремено да препознае производи со намалена продажна динамика или некурентна залиха.
Интеграција со iute – побрз и поедноставен продажен процес
Продажбата на бела техника денес не завршува само со изборот на производ. Сè поголем број потрошувачи во Македонија очекуваат флексибилни начини на плаќање и можност производите да ги набават на повеќе рати, со брза и едноставна процедура.
Токму затоа, особено значајна е интеграцијата помеѓу PANTHEON ERP и порталот на iute.
Преку оваа интеграција, продажниот процес е значително поедноставен и забрзан. Наместо рачна администрација и дополнителни чекори при обработка на продажби на рати, вработените во КУЛТ имаат централизиран и автоматизиран процес директно преку системот што секојдневно го користат.
Ова овозможува:
- побрза обработка на барањата за купување на рати,
- намалување на административните активности,
- помалку можности за грешки при внес и обработка,
- побрзо затворање на продажбата,
- подобра ефикасност на продажниот тим,
- и поквалитетно искуство за клиентите.
За купувачите, ова значи побрза услуга и полесен процес при аплицирање за купување на производи преку iute. За тимот на КУЛТ, пак, интеграцијата значи поголема оперативна ефикасност и можност повеќе да се фокусираат на советување и продажба, наместо на административни процедури.
Во услови кога брзината и флексибилноста се сè поважни во малопродажбата, интеграцијата помеѓу PANTHEON ERP и iute претставува важна поддршка за модерно и конкурентно работење.

Подобра контрола и квалитетни менаџерски одлуки
Покрај малопродажбата, PANTHEON ERP во КУЛТ се користи и за:
- комплетно сметководствено работење,
- пресметка на плати и HR процеси,
- како и креирање менаџерски извештаи прилагодени на потребите на раководството
Дејан Трајановски – Дигитална поддршка за долгорочен раст

“Во PANTHEON имплементиравме повеќе сегменти од работењето – продажба, магацинско работење, финансии, набавка. Она што најмногу ни се подобри е прегледноста и ефикасноста во секојдневното работење. Денес имаме многу побрз проток на информации, подобра контрола на залихите и полесно носење на одлуки благодарение на точни и навремени податоци.
Тимовите работат покоординирано, а ние како менаџмент имаме многу појасна слика за целокупното работење во секој момент. PANTHEON ни помогна да ги стандардизираме процесите и да создадеме посилна основа за понатамошен раст на КУЛТ.”
Дознајте повеќе за тоа како PANTHEON може да ја подобри ефикасноста и во вашата компанија и да ви помогне да ги надминете деловните предизвици со кои се соочувате. Контактирајте ги нашите консултанти на 02 3079 231 или пишете ни на info@datalab.com.mk