PANTHEON конференција 2019

Дигитализација 2019

Дигиталните резултати проследени преку PANTHEON
14ти Мај, 10:00 часот, Хотел Мериот – Скопје

PANTHEON конференција

Од 2004 година, Pantheon конференциите се најголемиот бизнис и едукативен настан посветен на едукации и дружење на повеќе од 50.000 корисници во деловниот информациски систем PANTHEON, како и за пошироката деловна јавност.

Компанијата Даталаб МК и МАСИТ како партнери организираат PANTHEON Kонференција на тема: „Дигитализација 2019“, која ќе ја одржат на 14ти Мај 2019 година, со почеток во 10:00 часот, во хотелот Мериот, во Скопје.

Конференцијата има за намера да ги истакне актуелните иновации во областа на законодавството, претприемништвото и економијата, како и иновациите кои се носители на дигитализацијата практично применети во PANTHEON.
На настанот ќе гостуваат реномирани експерти од областа, со желба да се стимулираат иницијативи и конкретни чекори на напредок во компаниите кои користат ЕРП решенија со посебен таргет на компаниите кои го користат нашиот производ во текот на предавањата и разни интересни дискусии.

Од своето основање во 2004 година па се до денес, на PANTHEON конференцијата присуствуваа повеќе од 5.000 учесници во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Република Северна Македонија. Настанот е одлична можност за разни деловни состаноци и мрежно поврзување. Секоја година, многу партнери и спонзори можат да се претстават пред, за време и по настанот, и да создадат нови деловни можности.

Tема на конференцијата: Дигитализација 2019!

Дигитализацијата е иднината на сите компании. Дознајте како можете да постигнете успешни дигитални резултати. 
Оваа конференција е важен собир за целата PANTHEON заедница како и за сите корисници. Покрај образовните, информативните и социјалните функции, PANTHEON конференцијата има многу моќна деловна функција. Во денешниот свет дигитализацијата стана неопходна целина и иднина на сите компании.

На оваа конференција, со помош на експерти за дигитализација, успешни претприемачи, менаџери на компании и PANTHEON консултанти ќе го презентираме следново:

  • Стратегии за успешна дигитализација во компаниите,
  • Примери на дигитализација на претприемачи, мали, средни и големи претпријатија,
  • PANTHEON алатки и функционалности за успешна дигитализација во компаниите:
  • DMS (Document management system) Систем за управување со документи,
  • WorkFlow – автоматизирање на процеси,
  • Ad Hoc анализи,
  • E-slog – импорт на фајлови,
  • Контролни табли – брзи прегледи на работењето,
  • Е-фактура,
  • Архива,
  • Планирање и Буџетирање,
  • Е-книжење,
  • E-Опомени,
  • Автоматизација во повеќе бази,
  • Автоматски увоз на изводи,
  • Ликвидатура,
  • XML за завршни сметки,
  • Синхронизација на бази…

»Имплементацијата на ИКТ алатки се повеќе станува предуслов за поконкурентен, поефикасен и поодржлив бизнис. Вложувањето во соодветни ИКТ решенија е една од најисплатливите инвестиции за компаниите во денешно време.«

МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии

Пријавувањето до 10.05.2019 е бесплатно, а потоа цената изнесува 1860 ден. + ДДВ.

Локација на конференцијата

Хотел Мериот Скопје

Мериот е хотел со 5 ѕвездички и е сместен во центарот на градот, веднаш до плоштадот Македонија на оддалеченост од 24 km од аеродромот Александар Велики Скопје.  Располага со 164 новоизградени соби со прекрасен поглед на центарот на Скопје. Хотелот е во близина на сите големи деловни и културни центри.

Мапа

Претворете ги податоците во профит!

Контакт

Даталаб МК, д.о.о.е.л.
Луј Пастер 5 / 4-5
МК-1000 Скопје
Тел 02 3079 231
Факс 02 3090 210
info@datalab.com.mk

X