Специјалист за продажба на ЕРП софтвер
Придружи се на тимот на Даталаб МК!
Доколку си комуникативен/а, амбициозен/а и имаш страст кон технологијата – можеби токму ти си идеалниот кандидат за нашиот тим.
Сакаш да работиш во динамична и иновативна средина, во компанија која е водечки производител на ERP решенија во Македонија и Југоисточна Европа?
Во моментов сме во процес на проширување на тимот и имаме отворена работна позиција за:
Специјалист за продажба на ЕРП софтвер
🔎 Што бараме?
- Завршен економски факултет или значително познавање на деловните процеси во компаниите
- Идентификување на потенцијални клиенти и развој на нови продажни можности
- Презентирање на нашите софтверски решенија пред компании и поединци
- Изработка и следење на понуди и договори
- Остварување и надминување на продажните цели
- Градење и одржување на долгорочни односи со клиенти
- Успешна соработка со останатите сектори во компанијата;
- Редовно известување за преземените активности и резултатите од преземените активности;
- Грижа за квалитетно нудење на услуги кон крајни корисници и постигнување на јасно дефинирани бизнис цели;
✅ Дополнителни карактеристики:
- Одлични комуникациски вештини и вештини за преговарање;
- Искуство со презентации на софтверски решенија
- Минимум 5 година искуство во продажба (предност: продажба на ИТ/софтверски решенија)
- Самоиницијативност и ориентираност кон резултати
- Познавање на деловните процеси во компаниите
- Иницијативност и проактивност, ентузијазам и фокус кон постигнување на продажните цели
- Самоиницијативност, исполнителност и контрола на сопствениот квалитет на извршување и запазување на договорените рокови;
- Способност за работа во тимска околина и одговорност при работа со поголеми проекти во екипа со повеќе учесници;
- Познавање на MS Office;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик (писмено и усмено)
- Возачка дозвола (Б категорија)
🎁 Што нудиме?
- вработување на неопределено време
- динамична работа во амбициозна работна средина полна со предизвици
- работа во пријатен тим
- конкурентна плата
- можност за личен и професионален развој
- наградување според постигнатите резултати (на пр. шема за споделување профит, награди за деловно работење, индивидуални награди)
- можности за професионален и личен раст
- одлични услови за работа (флексибилно работно време…)
- учество на едукативни, забавни и спортски настани
- обуки и сертификации (по потреба)
Доколку сакате да најдете нова можност во средина каде што се очекува независен и самоиницијативен индивидуален придонес и ги имате потребните вештини, ве покануваме да ни испратите CV и мотивационо писмо во кое ќе објасните зошто би биле соодветни за оваа позиција (макс. 1 страница) до 30.07.2025 година, испратете ни на е-маил info@datalab.com.mk. Апликациите треба да бидат концизни, со конкретни референци за вашето лично знаење и искуство. Наслов: Специјалист за продажба на ЕРП софтвер.
Добредојдени сте да аплицирате дури и ако (сеуште) не се пронајдовте во горниот опис, но сте самоиницијативни и мотивирани за сопствен развој во наведеното поле.