Деловни Решенија, Дигитализација
Нова можност за унапредување на магацинското работење со PANTHEON
По исклучително успешната конференција „PANTHEON еФактура“, која обедини над 300 компании, менаџери и претставници од македонскиот бизнис сектор, продолжуваме со нови позитивни чекори во насока на развој и унапредување на PANTHEON екосистемот и локалните дигитални решенија.
Овој настан уште еднаш ја потврди потребата од дигитализација и автоматизација на деловните процеси, како и подготвеноста на компаниите да инвестираат во модерни технологии кои носат поголема ефикасност, контрола и конкурентност на пазарот.
Со особено задоволство ја споделуваме веста дека ИнфоКод официјално се стекна со DEV Partner статус во рамки на Даталаб програмата за развојни партнери – како прв партнер со ваков статус на овие простори. Ова признание претставува резултат на долгогодишната соработка, континуирана техничка експертиза и докажана способност за развој и интеграција на напредни решенија кои се надградуваат и беспрекорно функционираат со PANTHEON ERP платформата.
Преку своето решение Smart Stock Solution, ИнфоКод нуди современ Warehouse Management System (WMS) кој овозможува целосна дигитализација и оптимизација на магацинските операции. Решението овозможува прецизна следливост на артиклите во реално време, автоматизација на клучните процеси, намалување на човечки грешки и значително подобрување на контролата и ефикасноста во работењето.
Во контекст на актуелните промени и зголемените барања за ефикасно управување со ресурси, ваквите интегрирани решенија претставуваат клучна алатка за компаниите кои сакаат да го задржат чекорот со пазарот и да изградат одржлив раст.
Во духот на неодамнешната „PANTHEON еФактура“ конференција и заедничката заложба за поддршка на дигиталната трансформација на македонските компании, ИнфоКод како Генерален спонзор и DEV партнер обезбедува ексклузивна можност – дополнителен попуст од 10% за сите компании кои ќе се одлучат за SSSWMS решението до 31.05.2026.
Ова е одлична можност компаниите да направат значаен чекор кон модернизација на своето работење и да имплементираат решение кое директно влијае врз продуктивноста, точноста и профитабилноста.

Побарај понуда:
Даталаб МК
02 3079 231
info@datalab.com.mk
Инфо-Код
02 3212 302
info@info-kod.mk



