PANTHEON 10.49 за поедноставна и попаметна работа со документите.
Документите се неизбежен дел од секојдневното работење, но работата со нив често одзема повеќе време отколку што е потребно. Пребарувањето информации во скенирани документи, рачното внесување белешки, подготовката на записници и префрлањето датотеки од една во друга програма се задачи кои лесно се претвораат во часови административна работа.
PANTHEON DMS овозможува централизирано управување со документацијата и нејзино поврзување со деловните процеси. Со верзијата PANTHEON 10.49 пристигнуваат и нови можности кои дополнително ја олеснуваат работата со документи: eOCR, диктирање и PANTHEON DMS додатокот за Microsoft.
eOCR: Пронајдете информации и во скенирани документи
Кога знаете што пишува во документот, но не се сеќавате како е именуван, кога е зачуван или каде се наоѓа, пронаоѓањето на вистинската датотека може да одземе многу време. Уште поголем предизвик се скенираните документи, фотографии и PDF-датотеки составени од слики, бидејќи нивната содржина не може директно да се пребарува.
Со eOCR, содржината на ваквите документи се препознава и се претвора во текст што може да се пребарува. Така, договор, фактура, испратница, записник или друг документ можете да го пронајдете само со внесување збор или фраза што се појавува во неговата содржина.
Наместо рачно да отвoрате повеќе датотеки и да барате каде се наоѓа информацијата, со eOCR побрзо стигнувате до документот што ви е потребен.
Диктирање: Претворете го говорот во текст
Пишувањето подолги белешки, извештаи, упатства и записници може да одземе многу време, особено кога треба брзо да ги забележите информациите. Со помош на вештачка интелигенција, функцијата за диктирање го претвора говорот во текст во реално време и го внесува директно во избраното поле.
Можете да користите и гласовни команди за да додадете нов ред или пасус, да избришете текст или да го завршите диктирањето. Со опцијата „Диктирај секаде“, говорот можете да го претворате во текст и во други програми, како Microsoft Word и Outlook.
За состаноци и разговори, достапна е и Бележник, која поддржува повеќе говорници и јазици. Можете да транскрибирате и веќе постоечки аудиоснимки, а готовиот запис да го зачувате во PANTHEON DMS или локално на вашиот компјутер.
PANTHEON DMS додаток за Microsoft: Работете со документите директно од Word и Excel
Кога работите во Word или Excel, нема потреба постојано да ги барате документите, да ги преземате и повторно да ги зачувувате во различни програми.
Со PANTHEON DMS додатокот за Microsoft, до вашата документација во PANTHEON DMS пристапувате директно од Microsoft Word и Excel. Документите можете да ги отворате, уредувате и зачувувате директно во DMS, да креирате нови документи и да ги прегледувате нивните детали, метаподатоци и поврзани документи.
Така работите во програмите што веќе ги користите, без непотребно префрлање од една во друга апликација, додека вашата документација останува организирана и достапна во PANTHEON DMS.
Помалку време за документација, повеќе време за важната работа
Новите можности во PANTHEON 10.49 имаат една заедничка цел – да ја направат секојдневната работа со документи побрза, поедноставна и поефикасна.
eOCR ви помага да ги пронајдете информациите и во скенирани документи. Диктирањето го претвора говорот во текст и го намалува времето потребно за рачно пишување. А PANTHEON DMS додатокот за Microsoft ви овозможува да работите со документите директно од Word и Excel.
Со PANTHEON DMS, документацијата не е само уредно зачувана на едно место. Таа е лесно достапна, поврзана со вашите деловни процеси и секогаш таму каде што ви е потребна.




