, ,

Дали сте подготвени вашето работење да го пренасочите на Cloud?

13 Авг 2021

Изминатава година беше, благо речено, предизвикувачка за компаниите ширум светот. Компаниите со локални решенија за управување со бизнисот беа принудени да направат брзи промени, но беа попречени од потребата вработените да работат од далечина или од дома. Компаниите кои веќе работеа на Cloud решението, имаа поголема флексибилност за подобро да се справат со сите промени донесени од „Ковид-19“. Cloud деловните решенија им овозможуваат на вработените да работат од било кое место и да имаат сигурен пристап до потребните системски податоци.

Пандемијата не мора да биде единствената причина за да утврдите дека вашиот систем заостанува зад брзиот развој на технологијата и вашиот бизнис не ги следи потребите на вашите клиенти.

Додека бизнисите со нетрпение го очекуваат пост-пандемискиот период, многумина ќе треба да размислат како да ги задоволат различните потреби и приоритети со ограничени ресурси. Дали сметате дека сеуште се борите со локалните системи што повеќе не му одговараат на вашиот бизнис, можеби дури и заостанувате со неколку верзии, бидејќи надградбата повторно ви одзема многу време и ве чини многу пари? Можеби се чувствувате заглавено во навидум безнадежна ситуација.

Добрата вест е…

Добрата вест е дека појавата на новите технологии значително ги подобрува можностите за транзиција кон пофлексибилен бизнис. Променливата природа на cloud деловните програми им дава на компаниите нови, разновидни можности за брзо подобрување на начинот на работење и зголемување на ефикасноста со прилагодување, земајќи ги предвид спецификите на компанијата. Значи, дали 2021 година ќе биде годината кога вашиот бизнис конечно ќе се пресели на модерна деловна cloud програма?

Како да знаете дали бизнисот на cloud е вистинската опција за вашиот бизнис?

Кога ќе сте подготвени да размислувате да го префрлате вашиот бизнис на cloud, треба да си одговорите на следниве прашања, како што се: кои се вашите деловни барања, кои функционалности ви се потребни и каква би била вашата интеграција?

Кога ќе ги споредувате деловните програми на cloud, најпрво треба да го оцените степенот на флексибилност, леснотија на користење и прилагодување / конфигурација на програмата. Доколку сметате дека флексибилноста на бизнисот е клучна за вашиот бизнис во иднина, ова треба да биде многу важно при оценувањето.

ПРЕДНОСТИ НА CLOUD БИЗНИСОТ

 Приспособливост и флексибилност – Cloud деловните системи нудат поголема приспособливост врз основа на потребите и спецификите на вашиот бизнис со помалку оперативни бариери.

Поволно решение – Деловната програма на cloud има многу ниска почетна инвестиција. Плаќате за програмата на месечно ниво.

Безбедност – Софтверот на cloud обезбедува целосна безбедност и работа во согласност со законодавството во врска со обработката и складирањето на деловните податоци.

Дигитална архива – Cloud складирањето нуди многу заштеди со функционални придобивки, како што се редовни бекап на податоци и можност за лесно изнајмување дополнителен простор.

Лесно достапен – Една од најголемите предности на cloud решението е способноста за брзо поставување без долги процедури за инсталација и пристапност насекаде и во било кое време. Корисниците можат многу брзо да започнат со користење на програмата. Со поврзување на интернет, тие имаат брз пристап до ажурираните податоци во било кое време и насекаде 24/7.

Мигрирањето на традиционалните решенија кон cloud решението на крајот ќе ви помогне да се намалат трошоците и да се зголеми флексибилноста на бизнисот. Во сегашното деловно опкружување, понекогаш е навистина полесно да се зборува за промена отколку да се воведе, згора на тоа, факт е дека организациите треба да земат предвид неколку фактори. Но, преминувањето од традиционалните решенија кон cloud бизнисот сигурно ќе ви помогне да ви се намалат трошоците и да ви се зголеми флексибилноста на бизнисот со текот на времето, а тоа е секако целта на секој бизнис.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X