PANTHEON и Microsoft Office сега работат заедно
Колку време поминувате во пребарување документи низ различни папки, фајлови и верзии?
Еден документ е зачуван на компјутер, друг во е-пошта, трет во PANTHEON DMS, а за четвртиот веќе не сте сигурни каде се наоѓа. А потоа следува уште едно прашање: „Која е последната верзија?“
Со новата MS Add-in интеграција, PANTHEON ги поврзува Microsoft Word и Excel со PANTHEON DMS, овозможувајќи ви документите да ги пронаоѓате, отворате, менувате и зачувувате директно од програмите во кои секојдневно работите.
Не се сите документи креирани во PANTHEON
Фактурите, приемните фактури, патните налози, работните налози и другите деловни документи што ги креирате во PANTHEON лесно можете да ги зачувате во PANTHEON DMS.
Но, деловната документација не завршува тука.
Секојдневно создавате и други документи – дописи, известувања, договори, рекламации, документи за комуникација со институции, извештаи, пресметки, табели и анализи.
Дел од нив ги креирате во Microsoft Word, а дел во Microsoft Excel.
И токму тука досега се појавуваше еден непотребен чекор: документот го креирате или менувате во Word или Excel, го зачувувате на компјутерот, потоа се префрлате во PANTHEON и дополнително го прикачувате во DMS.
Со новата интеграција, Word и Excel стануваат директно поврзани со PANTHEON DMS.
Работете со PANTHEON DMS директно од Word
Со PANTHEON DMS Add-in за Word, документите зачувани во DMS можете да ги пребарувате директно од Microsoft Word.
По најавувањето на вашата PANTHEON база, документите можете да ги пронајдете според:
- класификација – за полесно организирање и преглед на документите;
- назив на документот – кога знаете како е именуван документот;
- клучен збор – кога знаете збор или поим што се содржи во самиот документ.
На тој начин, наместо да пребарувате низ папки и различни локации, документот го пронаоѓате директно од Word.
Пронајдете. Изменете. Зачувајте.
Кога ќе го пронајдете документот, можете да го отворите и да продолжите со работа во Word.
Откако ќе ги направите измените, имате три можности:
Да го презапишете постојниот документ и да ја зачувате најновата верзија.
Да го зачувате како нова датотека, доколку сакате да ја задржите и претходната верзија.
Да креирате сосема нов документ во PANTHEON DMS.
Сето тоа без непотребно префрлање од една програма во друга.
Истата едноставност и во Excel
Интеграцијата не застанува кај Word.
Со MS Add-in за Excel, и вашите табели, пресметки, анализи и други Excel документи можете директно да ги зачувате во PANTHEON DMS.
Замислете дека подготвувате пресметка во Excel и сакате да знаете дека таа ќе биде достапна на точно определено место и дека подоцна лесно ќе можете да ја пронајдете.
Наместо повторно да го зачувувате документот, да го барате во папката каде што сте го ставиле и потоа рачно да го прикачувате во PANTHEON, можете да го зачувате директно во DMS преку Excel.
А кога повторно ќе ви биде потребен, го отвoрате од PANTHEON DMS и продолжувате со работа во Excel.
Една интеграција, помалку рачна работа
Вистинската вредност на интеграцијата помеѓу PANTHEON и Microsoft Office не е само во тоа што ќе направите неколку клика помалку.
Станува збор за поедноставен начин на работа со документацијата.
Документите што ги создавате во Word и Excel можат да бидат дел од истото централизирано место каде што ги чувате и останатите деловни документи. Така полесно ги пронаоѓате, полесно управувате со нив и имате подобар преглед на целокупната документација.
PANTHEON DMS не ги ограничува документите што ги креирате во PANTHEON – сега ги поврзува и со алатките што веќе ги користите секој ден.
Со новата MS Add-in интеграција за Word и Excel, вашите документи остануваат таму каде што треба да бидат – организирани, достапни и поврзани со вашето деловно работење.
Погледнете како личи ова во пракса тука.

