еФактура, Прописи и Регулатива, Дигитализација
Што е еФактура и кога нејзината употреба ќе биде законски задолжителна?
Во дигиталното доба, каде што компаниите се стремат да ги оптимизираат деловните процеси, еФактурата станува клучен дел од современото работење. еФактурата, електронска форма на фактура, овозможува брза, безбедна и ефикасна размена на финансиски документи помеѓу компаниите и владините институции.
Во месец октомври 2025 година, употребата на еФактури се зголеми за 4 пати. Што е еФактура?
Ефактурата е дигитализирана форма на класична хартиена фактура, која се испраќа и прима во структуриран електронски формат. Овозможува автоматизација на сметководствените процеси, ги намалува грешките при рачно внесување на податоци и придонесува за поголема транспарентност и следливост на трансакциите. Важна предност на е-фактурата е и нејзиното еколошки прифатливо работење, бидејќи ја намалува потрошувачката на хартија. Во месец октомври 2025 година, употребата на еФактури од страна на нашите клиенти кои веќе ја користат програмата PANTHEON се зголеми за 4 пати, што нагласува дека сè повеќе компании одлучуваат да користат еФактури дури и пред да стапи во сила новиот закон. Ова ќе обезбеди полесен премин.
Зошто еФактурата е подобра од традиционалната фактура?
Е-фактурата нуди многу предности во однос на традиционалните хартиени фактури. Покрај намалувањето на трошоците за печатење, испорака и архивирање, таа овозможува побрза обработка на плаќањата и поголема точност во обработката на податоците. Дигиталниот формат на фактурите го намалува ризикот од губење на документи и овозможува полесно следење на деловните трансакции. Покрај тоа, еФактурата придонесува за одржливо деловно работење со значително намалување на потребата од физичка хартија, со што има позитивно влијание врз животната средина.
Што е разликата помеѓу еФактура и PDF фактура ?
Важно е да се разбере дека PDF фактурата не е исто што и еФактурата. PDF фактурата е електронска форма на фактура, но е форматирана како слика или статичен документ што не може да се обработи автоматски без рачно внесување на податоци. Од друга страна, еФактурата е структурирана во стандардизиран формат (на пр. XML) што овозможува автоматска размена и обработка на податоци помеѓу сметководствените системи без потреба од рачна интервенција. Ова ја зголемува точноста, ја намалува можноста за грешки и значително ги забрзува процесите на обработка.
Кога стартува законската обврска за користење на еФактури?
Во Република Северна Македонија, користењето на еФактури сеуште не е стапено на сила. Според најновите законски измени, користењето на еФактури ќе биде задолжително за сите компании, без оглед на големината, од 1 јануари 2026 година.
Ова значи дека компаниите ќе мора да ги прилагодат своите деловни процеси и да преминат на електронска размена на фактури (eExchange), што ќе придонесе за поголема ефикасност и транспарентност на финансиските текови.
Како да се подготвиме за транзицијата?
За компаниите кои сè уште не се префрлиле на еФактура, клучно е да започнат со подготовка што е можно поскоро:
- Избор на вистинско софтверско решение: Системи како PANTHEON ERP овозможуваат лесно испраќање и примање еФактури. Овие решенија обезбедуваат усогласеност со законската регулатива и овозможуваат автоматизирана, безбедна и следлива размена на документи.
- Обука на вработените: Се препорачува компаниите да инвестираат во обука каде што вработените ќе научат да ги користат алатките за е-фактури и да ги разберат придобивките од дигитализацијата.
- Соработка со даватели на услуги: Компаниите можат да соработуваат со надворешни даватели кои нудат сеопфатни решенија за е-фактури и е-размена, што ја поедноставува интеграцијата во постојните деловни процеси.
Дигитализацијата на бизнисот е неизбежна, а е-Фактурата е важен чекор на патот кон поефикасно, безбедно и транспарентно деловно работење. Прочитајте повеќе во новото интервју „PANTHEON е подготвен за еФактура уште пред официјалниот старт“.
За било какви подетални информации, ве молиме контактирајте не на info@datalab.com.mk или на 02 3079 231.