, ,

Што е PANTHEON ERP?

4 Јан 2023

PANTHEON ERP, претставува модерно и робусно ЕРП решение, со огромен број на вградени функции. Користејќи ги овие вградени функции, во процесот на имплементација се врши избор и подесување кои од овие функции ќе бидат искористени за оптимизација на деловните процеси во компанијата.

Доколку се направи споредба на функционалностите на Pantheon ERP, со други слични продукти, може да увидиме 2 типа на разлики:

ДЛАБИНСКИ разлики :
Во модулите кои се стандардни, како на пример модул за фактурирање кој постои во сите конкурентски ЕРП решенија, Pantheon ERP има поголем број на вградени опции и можности, базирано на искуството во повеќе од 80.000 корисници во регионот. Тоа овозможува корисниците на Pantheon ERP, да го унапредат својот деловен процес, наместо само да го преселат на нова платформа.

ШИРИНА разлики:
За разлика од конкурентските ЕРП решенија, Pantheon ERP има стандардно вградени модули за многу значајни делови од оперативното работење:

  • Интегрирани Bussiness Intelegence алатки. Посебно нагласуваме дека се работи за интегрирана алатка, која е комплетно прилагодена на Pantheon базата, и претставува исклучително модерна платформа за бизнис анализа.
  • Интегрирана алатка за Буџетирање и Анализа. Наместо препишување на резултатите во други алатки и покасно анализа, во Pantheon ERP истото е составен дел од платформата.
  • Интегриран DMS. Наместо користење на паралелни / дополнителни апликации за дигитална архива, во Pantheon ERP истата е составен дел од платформата.
  • Дизајнер на модули. Pantheon ERP има интегрирана платформа за развој на нови модули, или за измени и дополнувања на вградените, со помош на интегриран дизајнер. Овој модул овозможува секаква интеграција и customization на деловното решение по потреби на корисникот

 

Доколку сте заинтересирани за подетална презентација за унапредување на деловните процеси во вашата компанија слободно побарајте не на 02 3079 231 или пишете ни ги проблемите со кои се соочувате во вашата компанија на : info@datalab.com.mk  и ние ќе ве исконтактираме со практично решение.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X