,

Успешен „Pantheon Day“ во Македонија!

21 Мај 2018

На 17ти Мај, оддржавме успешен настан под името „Pantheon Day 2018“, пред 90 присутни наши клиенти во Пирамидната сала на хотелот Арка, во Скопје.

Со овој настан ги претставиме идните насоки и планови на Pantheon заедницата, алатките за оптимизација на бизнисот, како и PANTHEON во пресрет на новите Европски регулативи за заштита на лични податоци (GDPR) и Мобилната благајна.

Почетокот го воведе и охрабри главниот извршен директор на Даталаб Технологија, г-дин Морено Родман, со реченицата „Ни успеа да ги реализираме нашите соништа од пред 20 години“, по што следуваше огромен аплауз. Тој зборуваше за тоа дека секогаш сме свесни дека PANTHEON е само алатка со која корисниците ќе можат да ја работат својата основна работа подобро, побрзо и поефикасно, а со тоа да се здобијат со предност во однос на конкуренцијата.

Текот на настанот го продолжи г-динот Владо Митев, Директорот на Даталаб Македонија, каде што ни ја претстави  законската регулатива која влегува во функција од 25ти маЈ 2018 година. Таа регулатива е заштитата на личните податоци и е една од основните задачи што се поставува пред компаниите, а ќе се однесува на сите клиенти, корисници и вработени. Тој ги претстави и новите функционалности на мобилната апликација која наскоро ќе стартува, како и новите насоки на Pantheon заедницата во Македонија.

Спрецијалистите за поддршка на Даталаб, ни ги претставија Workflow новостите имплементирани во најновите верзии на Pantheon, како и другите нови алатки за оптимизација на бизнисот во PANTHEON. Тие воедно им одговорија на сите прашања кои им ги поставија присутните.

А на самиот крај направиме изненадување за нашите присутни, а тоа беше извлекување на наградна игра, каде што доделивме мобилен апарат. Среќната добитничка е наш клиент од 2010 година, од фирмата Југохром Алзар. Таа сподели многу позитивно искуство и задоволство во секој сегмент на работата за нашата компанија Даталаб.

И за крај кажавме: „Во Даталаб, почнавме да воведуваме нови, агилни пристапи на работа во развојот на решенија. Ова дополнително ќе го зголеми квалитетот на производите и брзината на нивниот развој. Благодарност до сите кој ни се претставија со исклучителни интересн совети, како да постигнеме дигитална трансформација“, а потоа следеше голема забава со шведска маса и ладни пијалоци.

Уште еднаш Ви благодариме на сите за одличната соработка и благодарност за присуството, како и Ве покануваме повторно да бидете дел од некој нареден наш Pantheon Day.

 

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X