БЕСПЛАТЕН ОНЛАЈН ВЕБИНАР

Работилница за еФактура – Прв дел

16
септември
2026

Работилница за еФактура во PANTHEON: Поставување и испраќање еФактура

Погледнете ја видео-снимката од првиот ден на практичната работилница и запознајте се со основните подесувања, научете како чекор по чекор да го поминете процесот на испраќање еФактура во PANTHEON.

Во првиот дел од работилницата се фокусиравме на подготовката на системот и практичната работа со еФактура, со цел да ви помогнеме полесно да го совладате процесот.

Што ќе научите во видеото?

  • Како да започнете со користење на еФактура.
  • Кои се основните подесувања во PANTHEON.
  • Како да го поминете процесот на испраќање еФактура.

Подгответе се за практична работа

За да можете да ги следите чекорите и самостојно да работите со еФактура во PANTHEON, проверете дали ги имате исполнето следните предуслови:

1. Дигитален сертификат

Дигиталниот сертификат треба да биде инсталиран на компјутерот од кој ќе работите со еФактура.

Важно: Потребен е сертификат инсталиран на компјутерот, а не USB токен.

2. Најнова верзија на PANTHEON

Проверете дали вашата инсталација на PANTHEON е надградена на најновата верзија.

3. Активен акаунт на системот за еФактура на УЈП

Потребно е да имате креирано и активирано акаунт на системот за еФактура на УЈП.

Имате прашања?

Доколку при следењето на видеото ви се појават прашања или ви е потребно дополнително појаснување, испратете ни ги на:

efaktura@datalab.com.mk

Прашањата можете да ги искористите и како подготовка за следните делови од работилницата.

 

X