, , , ,

Запознајте го проектот #pantheonathome

2 Апр 2020

Ајде сите мрежно да се поврземе со PANTHEON 

 

Симона Неделковска

Консултант за поддршка во Даталаб МК д.о.о.е.л.

Вања Варл

Корпоративен Раководител на услуги во Даталаб Технологија д.о.о.


Ви препорачуваме по една PANTHEON вежба неделно за редовно да ја одржувате вашата кондиција
:). Го избравме секој четврток за нова вежба. Доколку работите напорно и ги практикувате вежбите, ќе го зголемите интензитетот на вежбите до летото. До лето, сите ќе бидеме PANTHEON фит и „дигитално поврзани“«.

Симона Неделковска, Консултант за поддршка во Даталаб МК д.о.о.е.л.


 

Во периодот во кој сме, сите чувствуваме недостаток на контакт со колегите, пријателите и семејството. Поврзаноста, од друга страна, го смирува стравот и ни дава сигурност, нè прави отпорни и воздржани.

Во Даталаб, затоа решивме да се поврземе како дел од проектот #pantheonathome. Ние ќе споделуваме кратки PANTHEON видео совети за да можете да ги гледате од дома. Сакаме да го освежиме  вашиот секојдневен живот, да тропаме на вашата врата со секогаш нови бесплатни совети за PANTHEON.

Исто како што вашиот фитнес тренер се грижи за вашата физичка подготвеност преку Интернет, ние ќе се погрижиме за вашиот PANTHEON фитнес. Се надеваме дека ќе вежбате со нас, ќе коментирате и ќе делувате како една голема PANTHEON заедница.

 


Вања, во Даталаб поставивме рокови за овој проект. Можеме ли да им кажеме на нашите корисници како ќе бидат достапни овие совети?

Советите на PANTHEON ќе бидат достапни како кратки видеа. Ова ќе им овозможи на нашите корисници да ги гледаат во било кое време и од било кој уред, што нема да им одземе многу време.

 

Каква содржина ќе прикажеме?

Содржината ќе биде од сите области на PANTHEON. Ние ќе ги споделиме најдобрите практики, трикови и совети за оптимизирање и дигитализација на вашата деловна активност за да можете да го извлечете максимумот од PANTHEON.

Сепак, ние би сакале и нашите корисници да се вклучат во овој проект и на крајот да имаме цела низа корисни содржини во библиотеката.

 

Каде ќе бидат овие содржини?

Содржината и линковите до содржината ќе бидат објавени секоја недела во четврток на нашите Кориснички страници – userite.datalab.com, на каналот YouToube и на нашата Фејсбук страница. Корисниците  ќе можат да ги коментираат советите и да даваат нови предлози.

Симона, вие сте консултант за поддршка во Даталаб Македонија. Вие ќе бидете првата што ќе ни даде совет за PANTHEON обука од дома. Можете ли да не запознаете со содржината?

Во првиот совет, ќе ви покажам како да ја оптимизирате вашата анализа за излез на податоци. За таа цел, имаме многу корисна алатка во PANTHEON. Овие се т.н. ад хок анализи за исписи. Со нивна помош, веќе нема да имате потреба да извезувате податоци во Excel и да се мачите со дополнителни анализи. Податоците сега можат лесно да се филтрираат, анализираат и уредуваат по ваш вкус во PANTHEON, точно пред да ги испечатите. Препорачувам да го гледате и користите првиот видео совет!

 

 

Која е вашата препорака и колку често можеме да очекуваме нови видео совети, се разбира, и од вашите колеги?

Ви препорачувамe по една PANTHEON вежба неделно за редовно да ја одржувате вашата кондиција :). Го одбравме тоа да биде секој четврток. Доколку работите напорно и ги вежбате вежбите, ќе го зголемите  интензитетот на работење до летото. До лето, сите ќе бидеме PANTHEON фит и „дигитално поврзани“.

 

Вања, каде корисниците можат да достават значителни барања за помош и каде можат да најдат проширено објаснување за специфични области?

Целта на овој проект е да се поврзе PANTEON заедницата: да се поврзат консултантите и корисниците на PANTHEON и да се зголеми знаењето.

Се разбира, ваквите совети нема да ја заменат вистинската поддршка на PANTEON.  Сепак подршката ќе биде достапна на pomoc@datalab.com.mk , затоа што само таму можеме да ги решиме индивидуалните проблеми на корисниците. Затоа, сега ги замолувам сите да коментираат активно на нашиот канал #pantheonathome, насочувајќи ги барањата за помош на меил адресата погоре.

Меѓутоа, доколку корисниците сакаат да дознаат детали за одреден модул или поле, ние подготвивме каталог за сите стандардни содржини за PANTHEON учење за нив, кои можат да се најдат во нашата видео библиотека. Од почетокот на јуни, повторно ќе организираме вебинари. Добредојдени сте сите!

#pantheonathome

#ostanidoma

Раководител на Проектот #pantheonathome: г-ѓа Вања Цигој, Директор на Даталаб Академија во Даталаб СИ, заедно во соработка со г-ѓа Вања Варл, Корпоративен Раководител на услуги во Даталаб СИ.

 

 

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X