Љубов на прв поглед или ЕРП љубов

Окт 31, 2019 | Blog MK, Деловни Решенија, Новости

Дали некогаш ви се случило после долга врска, каде сте раскинале со партнерот и ви е многу тешко да поверувате дека повторно ќе најдете нова љубов, а по некој период се заљубувате во љубов на прв поглед, како молња од нигде никаде, што целосно ја засенувате старата љубов. Тогаш би можеле да кажете дека „се вклопувате како небо и сонце“.

Исто како и во нашите секојдневни животи, некои софтверски решенија и потреби на компанијата во една област опфаќаат повеќе, а други помалку. За кого е потребна ЕРП деловна програма. Како да го изберете вистинското решение за вашиот бизнис? Може да се каже дека за одреден вид на бизнис, деловната програма PANTHEON е љубов на прв поглед.

Многу често се среќаваме со клиенти за кои веќе ги имаме сите решенија во стандардниот пакет (претежно), така што корисникот може да започне да работи многу брзо. Ајде да погледнеме во конкретен пример за тоа како деловна програма со својата функционалност брзо и лесно ги покрива сите потреби на компаниите.

Топ 6 функционалности кои го карактеризираат еден успешен програм за долга успешна врска:

  • Вистински информации во вистинско време. Следете го она што се случува во вашиот бизнис во секој чекор и донесувајте ефикасни одлуки.
  • Можете да правите само точни одлуки врз основа на добра и навремена анализа. 
  • Јазично и правно локализирана програма која ја користат вашите партнери.
  • Централизиран увид во секојдневната ситуација на вашиот бизнис: сметководство, логистика, плаќања, инвентар … без стрес, со високо ниво на сигурност.
  • Флексибилна деловна програма која постојано се развива и подобрува, а воедно претставува можност за раст на Вашиот бизнис.
  • Да постои широк спектар на вертикални решенија кои ќе ја надградат и дополнат програмата за да одговараат на вашите потреби. 

Свесни сме дека секоја компанија е специфична и има свои дополнителни барања, процедури и преференции, па затоа е важно и основниот пакет, збир на функционалности лесно да се комбинираат, додаваат и адаптираат и дека системот за деловни информации може да се додаде во тие делови каде ви го олеснуваат работењето во трговијата на големо.

Трговија на големо и деловна анализа – каде сме и кон каде се одиме?

Како и за љубовта на прв поглед, ова не е доволно за успешна долга врска. Треба да гледаме подлабоко и да работиме за односот да стане успешен. Слична приказна е и со големопродажен бизнис – не е сè во магацините, предметите и залихите. Треба да погледнеме подлабоко, да следиме како работи бизнисот, да се прилагодуваме на состојбата заснована врз индикаторите за успешност и ова е прилично лесно со основните, претходно дефинирани деловни извештаи и напредната деловна интелигенција, што исто така вклучува флексибилна анализа, извештаи и планирање. Со цел успешно водење на големо денес, утре и да се планира долгорочно, мора да имате во предвид и при изборот на деловен систем кој лесно ќе можете да изработите единствени деловни извештаи со помош на деловна интелигенција. На овој начин ќе знаете во секое време до каде сте, на што треба да обрнете дополнително внимание и што можете да подобрите.

Дали ја искусивте вашата љубов на прв поглед? Доколку нема љубов на прв поглед во вашиот живот, барем бидете сигурни дека вашиот бизнис е успешен на долг рок. Можеби ќе можеме и повеќе да ви помогнеме, слободно контактирајте ги нашите консултанти на телефон број 02 3079 231 или пишете ни на info@datalab.com.mk.

Даталаб тимот

Со симболичен потпис сакаме да ги опфатиме сите поединци, вработени, соработници, партнери и корисници со кои учиме, собираме и разменуваме искуства, знаења, проблеми и решенија секој ден. Без  сите нас заедно сето ова не би ни било. Редовно следете ги нашите објави и предложете кои теми и информации ве интересираат. Денес често можеме да слушнеме: кој ја има информацијата, ја има моќта. Даталаб тимот своето знаење го дели со вас! Споделете понатаму…

X