,

Даталаб МК стартуваше деловна соработка со Економски Институт Скопје

23 Мај 2022

Економски институт – Скопје на 18.5.2022 година одржа пригодна свеченост за одбележување на 70 години од своето постоење. На свеченоста, покрај директорот на Економскиот институт, проф. д-р Зоран Јаневски, свое обраќање имаше ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и министерот за образование и наука на Република Северна Македонија, д-р Јетон Шаќири.

Во рамки на одбележувањето на значајниот јубилеј – 70 години од постоењето, Економскиот институт потпиша ЕДУ партнерски договор со Даталаб МК, фирма за поддршка на компаниите во процесот на дигитална трансформација.  Соработката на Економскиот институт со Даталаб МК, се базира на доделување лиценци од деловниот софтвер Pantheon ERP и ќе резултира со формирање на Лабораторија за дигитална трансформација. Даталаб МК и Економскиот институт, покрај тоа што ќе соработуваат во едукативни цели, на пазарот ќе понудат и комерцијални пакет услуги за деловните субјекти во земјата, користејќи ги максимално ресурсите кои им се на располагање.

Директорот на Даталаб МК, Сашо Јовановски изјави: „Нашата соработка со Економски Институт, ја започнуваме со грант во лиценци, тренинг за наставниот кадар и хостирање на деловниот софтвер, во вкупен износ од 55 илјади евра за првата година, но и со континуирана помош на институтот во наредните години. За 5 години вкупниот грант ќе изнесува 108 илјади евра. Ќе донесеме практично знаење и модерни алатки, со кои нашиот наставен кадар и идните деловни лидери, ќе можат да го дадат својот максимален придонес во развојот на бизнисот кај нас. Уште еднаш – честит роденден. Денес да го прославиме овој прекрасен настан, а веќе од утре да се зафатиме со поставувањето на нашата заедничка Лабораторија за дигитална трансформација.“

Даталаб Македонија, како дел од ДАТАЛАБ групацијата, претставува принципал на Даталаб за Македонија. Мисијата на Даталаб е поддршка на компаниите во процесот на дигиталната трансформација, обезбедувајќи алатки и консултантски услуги, кои се потребни за оперативно функционирање на деловните субјекти. Имплементираниот деловен софтвер е секогаш во склад со законите во нашата држава, каде компаниите добиваат сигурна деловна платформа.

Денес, Даталаб има 76.000 корисници во 12 држави од регионот, и претставува најголемиот провајдер на деловен софтвер во регионов, со најголем пазарен удел во делот на деловен софтвер во Македонија во последните години. Како општествено одговорна компанија, Даталаб соработува со образовни институции, овозможувајќи им достап до модерни алатки на идните деловни лидери.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X