,

Како сигурносната копија може да ја спаси вашата компанија?

15 Апр 2022

Податоците се основата на секој бизнис и не треба да си дозволиме да ги загубиме, бидејќи тоа би предизвикало огромни проблеми или згаснување на бизнисот.

Доколку имаме сигурносна копија на важни податоци во компанијата, заштедуваме многу грижи во случај на губење на податоците, а и труд и време во обновувањето. Има многу сценарија каде може да ни се изгубат податоците од компанијата. Лесно можеме да замислиме како случајно бришеме некоја е-пошта или некоја папка од компјутерот полна со документи. На пример, исто така можеме и ненамерно да пренесеме вирус што ќе ни се прошири и на другите компјутери во компанијата. Можно е вашиот компјутер да се расипе или да биде украден. Размислете колку време ќе ви биде потребно за враќање на вашите податоци и колку ќе ве чини. Затоа, навремено решете ги проблемите пред да се случат.

Секогаш треба да ги имаме податоците и на друго место

Знаеме дека потребата за сигурносна копија расте од година во година. Статистиката покажува дека голем број компании кои ги изгубиле податоците за одреден временски период или засекогаш – згаснуваат. Доколку не веднаш, тогаш за неколку години. Дури и со користење на хост услугата, добиваме поголема безбедност на податоците отколку да ги имаме само на локални сервери. Но, самата хост услуга не е сигурносна копија. Имаме резервна копија како гаранција дека ќе можеме да пристапиме до податоците дури и доколку тие исчезнат на друго место поради било која причина. Но, што ќе правиме доколку ги изгубиме сите, сите податоци во компанијата, вклучувајќи ги и податоците на клиентите и партнерите со кои работиме? Несреќи, дефекти, злонамерни напади, сите овие работи можат да ни се случат. Иако повеќето носители на одлуки денес сметаат дека изнајмувањето простор на серверот на оддалечена локација е поскапо отколку корисно, тие не се доволно свесни дека вистинските трошоци допрва ќе следат доколку не инвестираат во безбедност, сигурносни копии и заштита. Со сигурносната копија на податоци на облакот, се осигуруваме дека податоците, во случај да ги изгубиме во компанијата на овој или оној начин, не чекаат на друго место. Податоците на компанијата се испраќаат на оддалечена локација во облакот во одреден временски интервал, каде што се заштитени и од природни катастрофи. Што е најважно, доколку локалните податоци се компромитирани, можеме да ја вратиме резервната копија и да го обезбедиме деловниот континуитет на компанијата.

Што е PANTHEON сигурносна копија?

Можете да складирате PANTHEON бази на податоци на далечена, на безбедна локација во облакот и да работите без грижи. PANTHEON хостинг значи дека складираме копија од базата на податоци PANTHEON во податочниот центар на (Телеком Македонија или Актон Комуникации или А1), што ги користиме на нашиот сервер. На овој начин, можеме да го автоматизираме секојдневното производство на копии од најважните податоци на компанијата.

Дали знаете што е еДокументација?

Накратко, еДокументација е складиште на целата документација што се користи во една компанија. Документацијата ја складира примената и издадената пошта, целата сметководствена документација, комерцијалната документација како договори и анекси, техничката документација (на пр. упатство за употреба, гарантни картички…). Така, можете да заборавите на папките и сега да имате сè зачувано електронски и на безбедно место. Во Даталаб ние сме посветени на обезбедување безбедност на податоците за клиентите преку воспоставување на повеќестепена заштита на деловните и финансиските податоци. Решенијата на PANTHEON имаат вградени безбедносни карактеристики и стандарди кои овозможуваат безбедни деловни операции и заштита на податоците и во локалните и во хост решенија. Воспоставете сигурен систем за заштита на податоците со решенијата на PANTHEON. Новата димензија на заштита на деловниот систем во форма на напредни системи за сертификација на повеќе нивоа и други безбедносни системи обезбедуваат сеопфатна безбедност на податоците и целосна контрола врз протокот на информации во вашата компанија. Повеќе за решенијата на https://www.datalab.com.mk/erabotenje/

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X