Нов партнерски договор помеѓу Даталаб и Серафимов груп

20 Сеп 2022

Сакаме да споделиме една убава вест до нашите корисници. Нашиот долгогодишен соработник Серафимов груп, станува официјален партнер за продажба и имплементација на PANTHEON.

Денес, Директорот на Даталаб МК, Сашо Јовановски го потпиша партнерскиот договор заедно со Илија Серафимов, каде ја прошируваат меѓусебната соработка.

„Компаниите на пазарот ќе добијат можност за побрза дигитализација на бизнис процесите. Заедно со Серафимов груп ќе им овозможиме на корисниците да го имплементираат модулот  eBilling, каде корисниците ќе добијат портал за брз автоматизиран преглед и плаќање на фактурите, како и модулот iCommerce, за целосно автоматизирана електронска продавница“ – изјави Сашо Јовановски, Директорот на Даталаб МК.

Даталаб Македонија, како дел од ДАТАЛАБ групацијата, обезбедува деловен софтвер во повеќе држави од Југоисточна Европа. Мисијата на Даталаб е поддршка на компаниите во процесот на дигиталната трансформација, обезбедувајќи дигитални алатки и консултантски услуги, кои се потребни за оперативно функционирање на деловните субјекти. Имплементираниот деловен софтвер е секогаш во склад со законите во нашата држава, каде компаниите добиваат сигурна деловна платформа. Денес, Даталаб има над 78.000 корисници во 12 држави во Југоисточна Европа, и претставува најголемиот понудувач на деловен софтвер во регионов, со најголем пазарен удел во делот на деловен софтвер во Македонија во последните години.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X