Деловни Решенија, Претприемништво
OrderPlus: Што ако клиентите сами си ги прават нарачките?
Доколку денес дел од вашите нарачки сè уште пристигнуваат преку телефон, Viber или e-mail, или пак се запишуваат за подоцна да се внесуваат во системот, веројатно добро знаете колку време и организација бара целиот тој процес.
Примање нарачка.
Проверка на производи.
Проверка на цени.
Проверка дали нарачката е во согласност со договорените услови.
Дополнителни јавувања за појаснување.
Рачно внесување во систем.
Исправки на грешки.
Недоразбирања околу количини, артикли или цени.
Сето ова за многу компании е дел од секојдневната рутина.
Иако, денес речиси сите компании користат ERP систем за управување со своето работење, начинот на кој пристигнуваат нарачките кај голем дел од нив останал речиси непроменет со години.
Токму тука се јавува потребата од OrderPlus.
Што е OrderPlus?

OrderPlus е мобилна апликација за нарачки, директно поврзана со PANTHEON.
Наједноставно кажано – OrderPlus е како Wolt, но за Б2Б нарачки.
Наместо клиентите да ве контактираат по телефон, Viber или e-mail, тие самостојно ја креираат својата нарачка преку мобилен телефон или таблет.
Нарачката автоматски пристигнува во PANTHEON.
Без препишување.
Без рачно внесување.
Без дополнителни чекори.
Без ризик нешто да биде пропуштено.
Зошто OrderPlus?
Во разговори со компании често се повторува истата слика.
PANTHEON веќе се користи за управување со финансии, магацин, продажба и останатите процеси во компанијата.
Но кога станува збор за нарачките, тие сè уште најчесто пристигнуваат преку телефон, Viber или e-mail.
Токму тука се вклопува OrderPlus.
Тој овозможува клиентите самите да ги креираат своите нарачки, а тие автоматски да се пренесуваат во PANTHEON.
Процесот останува едноставен и за двете страни – и за клиентите и за вашиот тим.
OrderPlus не го менува начинот на кој работите.
Го надополнува.
Што се менува кај вас?
Практично – ништо.
Вашиот тим продолжува да работи во PANTHEON како и досега.
Не се воведува нов ERP систем.
Не се менува начинот на работа.
Не се отвораат нови процеси.
Не се прават миграции на податоци.
Не се менуваат ценовници или договори со клиенти.
OrderPlus не е замена за PANTHEON.
Тој е негово дополнување.
И токму затоа имплементацијата е брза и едноставна.
Што се менува кај вашите клиенти?

Кај вашите клиенти промената е едноставна, но значајна.
Тие добиваат пристап до мобилна апликација преку која самите можат да ги направат своите нарачки.
Се најавуваат.
Ги гледаат производите што им се достапни.
Ги внесуваат количините.
Ја испраќаат нарачката.
И тоа е сè.
Нема сложени менија.
Нема долги обуки.
Нема непотребни чекори.
Само едноставен процес на нарачување – кога ним им одговара.
Дали сите клиенти ги гледаат истите производи и цени?
Не.
OrderPlus целосно ги следи договорените ценовници и поставките што веќе постојат во PANTHEON.
Секој клиент гледа само она што е договорено за него.
Ако има специфичен ценовник или асортиман, токму тоа ќе му биде достапно.
Ако друг клиент има различни услови – ќе гледа различна понуда и различни цени.
Сè е прилагодено на постојните договори.
Дали треба да обучуваме вработени?
Не.
Системот е поставен така што целиот процес го презема нашиот тим – од иницијална поставка до активирање на корисниците и поддршка.
Од ваша страна не е потребна дополнителна обука или вклучување во техничкиот дел.
Колку време трае имплементацијата?
Имплементацијата најчесто трае само неколку дена.
Бидејќи OrderPlus е директно поврзан со PANTHEON, не се потребни сложени инсталации, дополнителна инфраструктура или долги проекти.
Целта е решението да биде брзо подготвено за користење и што побрзо да почне да носи вредност во секојдневното работење.
Дали OrderPlus е замена за комерцијалист?
Апсолутно не.
Комерцијалистите треба да го прават она што е најважно – да освојуваат нови клиенти, да отвораат нови пазари, да продаваат нови производи и да градат односи.
Не да поминуваат часови секој ден во примање и внесување на повторливи нарачки од истите клиенти.
OrderPlus го презема токму тој дел од работата.
Повторливите нарачки.
Клиентите ги креираат самостојно, а нарачките автоматски пристигнуваат во PANTHEON.
На тој начин, вашиот тим повторно се фокусира на продажба.
Што добиваат вашите клиенти?
Вашите клиенти добиваат едноставен начин да нарачуваат – кога ним им одговара.
Во работно време. Навечер. За време на викенд.
Без да чекаат одговор.
Без да бараат кој е достапен.
Без да се прашуваат дали нарачката е примена.
Без да пребаруваат низ стари пораки.
Сè е брзо, јасно и едноставно.
Зошто OrderPlus започнува со една функционалност?
Многу софтверски решенија нудат десетици функционалности.
Во пракса, корисниците најчесто користат само мал дел од нив.
OrderPlus има поинаков пристап.
Неговиот фокус е на еден процес – нарачувањето.
Клиентите брзо и едноставно ја креираат својата нарачка, а таа автоматски се пренесува во PANTHEON.
Без сложени менија.
Без долги обуки.
Без дополнителни процеси.
Понекогаш, најголемата предност е токму едноставноста.
Каде води OrderPlus?
Денес, OrderPlus решава еден многу конкретен предизвик – примањето нарачки.
Но, ова е само првиот чекор.
Со понатамошниот развој на апликацијата, се очекува постепено да бидат достапни и нови функционалности, како што се:
- Следење на статусот на нарачката
- Преглед на претходни нарачки
- Повторување на претходна нарачка со еден клик
- Известувања за нови производи
- Известувања за акции и промоции
- Преглед на отворени фактури
- Увид во состојбата на салдо
- Преглед на достапна залиха
- Прикачување документи
- Комуникација помеѓу клиентот и комерцијалистот
Идејата е OrderPlus постепено да прерасне во место каде што вашите клиенти ќе можат едноставно да ги извршуваат своите секојдневни активности поврзани со нарачките и комуникацијата со вашата компанија – сè преку една апликација.
Повеќејазична поддршка
Да.
OrderPlus е мултијазична апликација, што им овозможува на вашите клиенти да ја користат на јазикот што им одговара.
Во моментов се поддржани:
- Македонски
- Албански
- Бугарски
- Англиски
По потреба, можат да се додадат и други јазици, што ја прави апликацијата погодна и за компании кои работат на повеќе пазари.
Сакате да дознаете повеќе?
Доколку сте корисник на PANTHEON и сакате да видите како функционира OrderPlus во пракса, контактирајте нè.
Со задоволство ќе ви организираме кратка онлајн презентација, ќе одговориме на вашите прашања и ќе покажеме како OrderPlus може да се вклопи во вашето секојдневно работење.
За повеќе информации, пишете ни на info@datalab.com.mk или побарајте не на 02 3079 231



