,

Дали се опоравивме од Ковид19 и дали сме подготвени за престојната иднина?

14 Јан 2021

Во текот на претходните години не го поставувавме прашањето дали може да има одредена криза во која сите компании би биле принудени да работат според одреден модел и во согласност со општата состојба во општеството. Нешто такво беше незамисливо. Сепак, 2020 година тотално не разочара и ни покажа колку сме неподготвени кога станува збор за вонредна состојба што се заканува на општеството во целина.

Епидемијата од Корона вирусот, покрај човечките жртви, донесе и големи финансиски загуби и тектонски нарушувања кога станува збор за одредени индустрии и економски модели. Нашиот утврден начин на живот започна да се менува. Истото се случува и со компаниите. Со цел да се прескокне периодот на прилагодување и да се дејствува брзо во согласност со ситуацијата, потребно е да им веруваме на алатките и технологиите што во овој случај ни овозможуваат да продолжиме да работиме без никаков застој или нарушување.

Досега, незначителни работи на кои не обрнавме внимание, како што се испраќање пошта или дневни активности како што се печатење фактури, станаа прашање како да функционираат, клучни проблеми што треба да се решаваат и да продолжат да работат во променет, оддалечен режим. Вистинското прашање е дали епидемијата нè научи дека бизнисот треба и мора да се развива кога е најтешко, за да преживее и да напредува.

Дали доаѓа ерата на електронското работење?

Додека сите го поставуваме прашањето дали е-бизнисот тропа на големата врата во својата вистинска форма, се чини дека времето дојде. Честопати сме чуле дека сите компании и работодавци чии услови го дозволуваат, треба да ги пратат своите вработени да работат од дома. За да може сè да функционира како што беше кажано, потребно е да имате веќе подготвени решенија што ќе овозможат непречена работа на далечина. Некои би рекле дека е невозможно да се решат документарните и административните задачи надвор од канцеларијата и дека ова е всушност проблем кога станува збор за ситуацијата на работа од дома.

Токму во оваа ситуација е-бизнисот како начин на електронско извршување на трансакции и деловна комуникација излегува на сцената. Процесот на обработка на податоци и информации е олеснет, и сè се пренесува помеѓу компјутерите. Овој вид на деловно работење се покажа како далеку побрз од традиционалното процесирање на деловниот процес и покрај тоа, нуди поголема прилагодливост кон промените на пазарот, полесен пристап до информации, пониски материјални трошоци, бидејќи нема поштенска услуга, а со тоа и понизок крај на ланецот и пониски трошоци за работна сила .

Компаниите кои веќе започнаа да работат со разни ИТ решенија, како што е PANTHEON, се чини дека ги забележуваат предностите што ги стекнаа кога се решија да извршат таква работа откако се соочија со сериозна криза. Брза транзиција, премин на поинаков начин на работа, сериозна платформа која решава многу работи наместо вработените и систем со контрола врз целиот бизнис.

Облакот како единствено логично решение за време на епидемијата

Не е лесно да се направи брз премин кон целосно нов режим на работењето, доколку се кориси само локалната инфраструктура и технологии за деловно работење. Во случај кога е потребно да се излезе надвор од внатрешните мрежи и компјутерите, потребно е да се најде централизирано и безбедно решение каде што ќе бидат зачувани сите податоци и до кое имаат пристап сите вработени на кои им требаат. PANTHEON Хостинг е вистинското решение, бидејќи сите внесени податоци од било кој компјутер се зачувуваат, директно на сервер кој е активен нон-стоп.

 

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X