,

Претприемачите имаат нов сојузник во бизнисот

28 Окт 2021

Не е лесно да се влезе во светот на претприемништвото. Оние кои ќе изберат да го сторат тоа се генерално решени да успеат во овие деловни води. Сепак, првата голема пречка со која се соочуваат претприемачите по влегувањето во самовработувањето е големата потреба на администрирање, управување со документи, сметки и други информации релевантни за секојдневното работење.

Доколку размислувате да купите софтвер или еСервис што може да ви помогне и да ви ја олесни работата, тогаш ова е добар почеток да го пронајдете вистинскиот работен партнер, кој може да ви ја направи работата задоволство. Треба да го намалите времето и енергијата на повторливи задачи, да се ослободите од грешките кои настануваат, но и да ги зголемите временските интервали кога сте 100% фокусирани на одржливоста на вашиот бизнис.

Средба на претприемачи со администрација на документација

Повеќето претприемачи сакаат целото свое време да го посветат на развојот на бизнисот, без да инвестираат во организирање на документација и администрација. Со текот на времето овие обврски стануваат се поголеми, со разни измени во законот, воведување нови законски правила, па понекогаш е навистина тешко и комплицирано да се следи се.

За среќа, постојат различни типови на програми, услуги и алатки кои можат да ви помогнат да го искористите вашето време поправилно и поефикасно. PANTHEON Web Light е еден од сојузниците на кои можете да сметате во текот на секој работен ден, секогаш кога треба да ги организирате и средите фактурите, сметките, да го чувате нивниот регистар точно и автоматски, притоа секако минимизирајќи ги грешките. Се карактеризира со леснотија на користење, интуитивен интерфејс, како и евидентирање и следење на патните трошоци, магацините и евиденцијата на работното време. Со него, можете да ги следите сите најважни метрики за да го оптимизирате вашиот работен ден, а тој за возврат ќе ви понуди до неколку пати побрзо извршување на задачите.

Самостојно управување со сите деловни процеси

Добар дел од претприемачите во некои фази на развој на бизнисот немаат можност да ангажираат луѓе кои ќе се занимаваат со секојдневна администрација. Во тој случај, тие се осудени да ги спроведуваат сите процеси самостојно, а не само да се вклучат во креативниот дел и развојот на бизнисот. Тоа може да доведе до задушување на развојниот процес, па некои секојдневни обврски нема да можат да се решаваат навремено.

Најуспешните луѓе се оние кои имаат увид во целиот работен процес, но секојдневно се занимаваат само со тесно специјализирани задачи кои се однесуваат на нивното лично искуство, професија и знаење. Самоуправувањето со сите деловни процеси е можно, но бара напорна работа и повеќе време отколку што е достапно во еден ден. За да може еден претприемач интелектуално да го троши времето на најважните работи, тој треба да има олеснување во форма на алатки кои наместо него, ќе го водат архивирањето, управувањето и издавањето фактури. Само тој дел е доволен за да го растерети претприемачот до таа мера што ќе му овозможи да се фокусира на најважните делови од бизнисот, но со увид во она што се случува во сите сегменти. На овој начин се зголемуваат шансите за успех и раст на бизнисот.

База на податоци до која може да пристапи и сметководител и претприемач

До неодамна беше потребно да се обратите кај вашиот сметководител, за да ви најде конкретен документ од архивата. Денес, со помош на PANTHEON и PANTHEON Web Light, и вие и вашиот сметководител можете да имате пристап до истата база на податоци, до сите фактури, сметки и документи. Овој факт сам по себе е значаен од два аспекта, бидејќи заштедува време и за претприемачот и за сметководителите.

Од една страна, претприемачот може да внесува и да креира договори, фактури и сметки, додека од друга страна, во истата база на податоци сметководителот може да ги провери и да утврди дали се е направено во согласност со прописите. Со оваа предност, веќе не е неопходно да се чува рачно книжење, ниту пак сметководителот мора да прави никакви пресметки, бидејќи софтверот ќе направи се за него.

Cloud услугата како начин за складирање податоци до кои се достапни сите страни во деловниот процес, е целосно безбедна средина во која сите ваши податоци можат да се архивираат и складираат. Ниту една од страните не треба да се грижи за тоа како се чуваат нивните податоци и дали се безбедни. Со Cloud, сега е лесно да се пристапи до нив од сите платформи, без разлика дали се работи за таблет, паметен телефон или компјутер.

Времето како најважен ресурс на претприемачите

Сите анализи покажуваат дека времето е најважниот ресурс на претприемачите, особено во фазата на нивниот развој, кога тие се стремат да направат се што е во нивна моќ за да напредуваат и да го прошират својот бизнис. Не им е непознато да работат цел ден, макотрпна документација, организирање на протокот на фактури, сметки и други документи. Иако се чини дека овие активности се занемарливи во однос на количината на потрошено време, тие всушност знаат да преземат и до 30% од секојдневната работа.

Времето на традиционалниот бизнис минува, а на сцена стапуваат дигитализацијата и еБизнисот, електронска форма на бизнис што значително ја забрзува комуникацијата и работните задачи и размената на деловни документи преку компјутери. За да дејствувате брзо, иновативно на пазарот и да можете да следите што се случува, треба да имате доволно време да создадете слика за сè. Машините се таму за да преземат некои од секојдневните задачи за вас, прецизно да ги решаваат, да архивираат документи за вас, без да се грижите како нешто треба да се направи.

Претприемништвото може да стане вистинско задоволство

Епидемијата од корона вирусот ни покажа дека дигитализацијата доаѓа брзо, особено затоа што итни случаи може да се појават ненадејно, а компаниите не можат брзо да се прилагодат на новонастанатата ситуација. Со воведувањето на PANTHEON решението, се забрзуваат неколку различни активности, што остава простор за прилагодување на бизнисот во дадените услови.

Доколку сакате да бидете дел од претприемништвото, како една деловна гранка која е најнапредна и ја води индустријата, тоа не мора да биде само посветеност и цел ден работа. PANTHEON може да го направи сосема спротивно, уживање, во кое конечно можете да го посветите вашето слободно време на развојот, креативните процеси и личниот напредок. Фактурирањето не мора да биде досаден дел од работата, туку вистинско задоволство.

Се прашувате како е да се биде приспособлив на промените на пазарот, ефикасен во секој чекор и доволно  фокусиран на развојот и подобрувањето на бизнисот? Одговорот е многу поблиску отколку што понекогаш ви се чини, а тоа е PANTHEON, мост помеѓу вас и вашиот сметководител, сигурна дигитална архива на сите ваши сметки, фактури и релевантни документи до кои можете да пристапите со само неколку кликања.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X