Декември – време е за попис

22 Дек 2023

Со крајот на календарската година се ближи и крајот на деловната година за многу претприемачи, што значи дека дојде време да се изврши попис на основните средства.
Пописот на основните средства може да се врши во кое било време во текот на годината, но востановена е практика повеќето компании да вршат попис кон крајот на календарската година. Ова особено се однесува на оние компании чија деловна година е иста со календарската година.

Пописот на основни средства не е само формалност или административна постапка. Тоа е клучен чекор во водење на една компанија, што им дава на претприемачите прецизен увид во бизнисот и им помага да управуваат со средствата и да ги оптимизираат деловните процеси. Тоа е исто така клучно за одразување на точната финансиска слика на компанијата, што е исклучително важно за понатамошно планирање и донесување одлуки.

Дури и во модерните времиња, многу компании се соочуваат со проблемот на рачен попис. Вработените често се наоѓаат во виорот на броење, собирање и рачно пренесување информации од различни извори, како што се магацини, хартиени записи или табели на Excel, во деловниот информативен систем. Покрај тоа што овој процес одзема многу време, постои и голем потенцијал за грешки и недоследности на податоците.

Во продолжение анализиравме аспекти на една од основните активности со кои секоја компанија треба да се занимава на крајот на годината. Важно е ефикасно да се подготви компанијата за претстојната финансиска година.

Практиката на попис вклучува, пред сè, анализа на залихи. Залихите се стоки наменети за продажба или користени за создавање на производи за продажба кои остануваат на залиха на крајот на финансиската година, а сето тоа претставува трошок за бизнисот.

Можеме да ги класифицираме во следните групи:

  • Суровини и полупроизводи
  • Потрошени материјали
  • Производи во процес
  • Стоки за продажба
  • Готови производи

Кога ќе дојде време за изготвување на конечните годишни финансиски извештаи на компанијата, потребно е и да се евидентираат физичките количини на стоки на залиха што треба да се проценат.

Бидејќи сакаме да го избегнеме губењето на нашето драгоцено време, има смисла да се разгледаат сите модерни решенија кои го олеснуваат и забрзуваат процесот на попис. Употребата на дигитални алатки и технологија овозможува автоматизирање на многу чекори, што доведува до поголема точност и ефикасност. Систематското следење на основните средства во текот на целата година со помош на дигитални платформи може да го олесни финалниот попис и да ја намали можноста за грешки.

Дополнително, дигиталните решенија обезбедуваат ажуриран увид во состојбата на основните средства, што им овозможува на претприемачите подобро да управуваат со залихата, да ги надополнуваат навреме и да ги намалат загубите. Со такви алатки, компаниите можат да преземат попроактивен пристап за управување со нивните средства, што е клучно за долгорочниот успех на компанијата.

Дали сакате да дознаете повеќе за поефикасното управување со залихите и полесна подготовка на попис?

Превземи бесплатен прирачник:

Совети за брз и прецизен попис

 

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X