
Управување со побарувања и обврски
Со јасен преглед на побарувањата и обврските секогаш имате увид во актуелната состојба. Пресметајте казнена камата, испратете потсетници и лесно спроведете наплата.

Претходно поставено книжење
Системот автоматски ја препознава содржината на документите, ја конвертира во еФорма и ги книжи во салдо конта и главна книга, што го прави книжењето брзо и прецизно без повторно внесување.

Изработка на извештаи и анализи со еден клик
Сите извештаи за ЦРРСМ, е-Даноци (УЈП) и други институции подгответе ги директно во програмата. Извезете ги, доставете ги и заштедете време при рутинските задачи.

Целосен преглед на работењето
Со единствен систем имате целосен преглед на сите клиенти и деловни процеси. Следете ги податоците во реално време и брзо препознајте можности за подобрување.

Секогаш поврзани со клиентите
PANTHEON Хост овозможува сметководителот и клиентот да работат на иста база. Преносот на документи е брз, безбеден и се одвива без рачно внесување или задоцнувања.

Напредна деловна аналитика
PANTHEON овозможува донесување одлуки базирани на податоци и трендови, со увид во работењето на клиентите и обезбедување на доверливо советување.
Поврзување со клиенти
Со решението PANTHEON Web Light, сметководителите и претприемачите работат во целосно поврзано и усогласено деловно опкружување. Сите документи, фактури и податоци се автоматски синхронизирани помеѓу системите, што овозможува побрза, појасна и поефикасна соработка – без потреба од рачно испраќање датотеки.

Заедничка база на податоци
Сметководителот и клиентот имаат пристап до истите податоци, што овозможува целосна синхронизација и моментален увид во состојбата.

Автоматизирано книжење на документи
Примените фактури автоматски се увезуваат и книжат, без потреба од рачно внесување или препишување.

Централно складиште за документи (DMS)“
Сите документи се чуваат на едно место - безбедно и прегледно, со можност за напредно пребарување по содржина и статус.

Автоматизирано подмирување на обврски и плаќања
Документите се потврдуваат дигитално, со прегледен приказ на статусот и роковите за плаќање.

Повеќе време за вашите клиенти
Со помалку административни обврски, сметководителот се фокусира на стратешки задачи и на квалитетна поддршка за клиентите.

Едноставно издавање фактури
Фактурите се издаваат директно во системот, а сметководителот ги гледа и книжи веднаш по нивното издавање.

Брз пренос на документи
Примените фактури едноставно ги фотографирате или ги прикачувате во системот. Сметководителот ги добива веднаш и ги книжи без потреба за дополнителни пораки.

Дигитално работење без хартија
Со еФактура, еКнижење и дигитална архива, ја намалувате употребата на хартија и го поедноставувате работењето.

Вашите податоци - достапни секогаш и секаде
Пристапувајте до вашите податоци, фактури и биланси – во секое време, од било кое место и на кој било уред.