Чести Прашања за Лиценците

Наемот овозможува оптимизирање на инвестициите во вашата програмска опрема, поради тоа што лиценците не морате да ги купите однапред, но за употреба плаќате месечна надокнада. Заедно со Даталаб, прегледајте и дефинирајте ги своите потреби од лиценци.
Oblak licenc PANTHEON

Прилагодување на измените

Во колку се променат вашите потреби, наемот можете да го прилагодите на изменетите околности. На тој начин, можете да го зголемите бројот на лиценци (на пример: ново вработени работници), да пренесете лиценци да го промените моделите на лиценците ( на пример: од SE на MF, поради тоа што е воведено планирање на производство). Во тој случај, износот на месечните рати ќе го прилагодиме на вашите моментални потреби

Цени и функции

Во ценовникот ќе ги најдете прегледите на сите PANTHEON лиценци и нивните функционалности. Детално се објаснети и комбинациите на верзиите.

Ценовник

Како ги броиме корисниците?

Програмската опрема Даталаб се лиценцира на основа на бројот на корисници, кои истовремено пристапуваат на системот (т.е. Concurrent Access). Тоа значи, дека програмската опрема е подесена на неограничен број единици, но може да се користи истовремено само за онолку корисници, за кои што претпријатието има набавено лиценци. Ако бројот на корисници е постигнат, повеќе корисници неможе да се пријавуваат во системот. Кога некој корисник се одјавува од системот на својата работна единица, на негово место може да се пријави друг (т.е. RoamingLicenses). Овие и други права и обврски помеѓу корисникот и претпријатието Даталаб, ги одредува договорот за лиценци.

Како да добиете лиценци?

Доколку ве интересира нашата програмска опрема, можете да пополните образец или да не комуницирате преку телефон или е-пошта. Во образецот одредете ги основните податоци за Вашето претпријатие, на чија основа нашите партнери ја обликуваат соодветната опрема. Даталаб ја лиценцира програмската опрема преку мрежа на овластени партнери, кои се обучени да помогнат во одредувањето на соодветни лиценцни шеми. Имплементација, воведување, обуки, поддршка и развој на додатни решенија го вршат партнерски претпријатија на Даталаб, кои се сертифицирани во своите области.

Колку чини лиценцирање?

Развојот на програмската опрема е премногу скапо, но сме уверени, дека легалното лиценцирање на програмската опрема мора да биде достапно на широкиот круг претпријатија, кои им се потребни добри ИТ решенија. Со оглед на тоа што PANTHEON покрај намалувањето на трошоците и зголемувањето на приходите, го развива и нивото на продуктивност на вработените, при одредувањето на цените на лиценците, го земаме предвид и просечниот бруто износ на платите во државата, каде што ќе се продава програмската опрема.

Цените ги обликувавме, така што инвестицијата да се врати за помалку од шест месеци. Досегашните искуства тоа го потврдуваат.

Докуп и надоградба на лиценци

Доколку веќе имате неколку лиценци на PANTHEON и потребни Ви се повеќе верзии со дополнителни функционалности, можете едноставно да докупите потребен број на лиценци или да ги надоградите, а ја плаќате само разликата. Во продолжение неколку примери.

Докуп на лиценци

Претпријатието има 4 PANTHEON SE (Small Enterprise), лиценци, односно четири корисници. Вработени се уште два нови ресурси, на кои им е потребен програмски пакет.

Треба да се погрижиме за две додатни кориснички лиценци (6 корисници PANTHEON SE – 4 PANTHEON SE лиценци = 2 додадени PANTHEON SE лиценци).

Промена на модел

Претпријатието има 6 PANTHEON (Small Enterprise), лиценци, односно шест корисници. Вработени се двајца нови вработени, на кои им е потребно програмски пакет, додатно менаџментот има потреба од бизнис ингелегенција и анализа.

На претпријатието му се потребни 8 кориснички лиценци PANTHEON ME (Medium Enterprise). Даталаб ги зема во предвид и постоечките лиценци (6*PANTHEON SE), кои претпријатието ги користи по мометно уважените цени од ценовникот и издава сметка за нова лиценцна конфигурација. Претпријатието на тој начин плаќа разлика помеѓу претходната и сегашната состојба.

Отворање дислоцирани продавници

Претпријатието има 2 PANTHEON SE лиценци. Отворена е нова дислоцирана продавница, каде што ќе се прави прием на производи и издавање на сметки. Претпријатието треба да купи една PANTHEON RT лиценца. Корисникот може да комбинира PANTHEON RT со поголемите лиценци SE, ME, MF.

Развој на претпријатието

Претпријатието растело и се развивало. Развојот на претпријатието мора да го следи развој на информациониот систем, затоа се појавува потреба од докупување на лиценци. Во претпријатието Даталаб имаме многу проста формула, дека секогаш ја плаќате само разликата помеѓу лиценците што ги поседувате, и посакуваните лиценци.

Побарајте не на 02 3079 231

Повеќе информации – Брза припрема на понуди – Можност за плаќање на рати – Моментални продажни акции – Кориснички попусти

info@datalab.com.mk