Планирање

Планирање и терминирање

Планирање на производството е една од најважните служби во производствено претпријатие. Претставува вина како за преголеми залихи, така и за неблаговремена набавка на материјали, како и за задоцнување при изработка на готови производи. Сегментот за планирање на производството е програмски така организиран, да овозможува различни пристапи на планирање, како и различни видови производство. Да наведеме некои од нив:

  • големосериска (продукциско производство) за поединечни термински рамки (недела, месец, квартал)
  • производство по нарачка со разградување до последното ниво на производот
  • комбинирано производство, кое сочинува и монтажа (се планира по нарачки) или производство, кое обезбедува монтажа на полупроизводите
  • процесно производство

Основните барања на планирањето се:

  • Пресметка на потребните материјали
  • Пресметка на капацитетот
  • Терминирање на производство

Од планот програмот овозможува лансирање на производство и директна врска меѓу:

  • работниот налог (одреден производ=одредена позиција на нарачка=одредена позиција на планот)
  • нарачка на купувач (повеќе позиции на работниот налог се здружуваат во нарачка)
  • план (повеќе нарачки ги здружуваме во план).

Самиот систем на планирање го прилагодуваме на потребите на корисникот. Програмот овозможува водење и евиденција на годишниот план, кварталните планови, месечните – производни планови. Системот е во целост прилагодлив и бара соодветен пристап во решавањето на информатиката во производното претпријатие.

MRP II - терминско планирање на производство

Терминско планирање е најдеталниот план на работа во производството за одреден временски период. Така со помош на терминското планирање на производството детално ја одредуваме поделабата на работата и редоследот на работните операции во однос на поединечните ресурси и поребните алати. На основ на идент и останати ограничувања, кои се поврзани со одредениот идент, ги одредуваме почетните и завршните термини на поединечните работни операции, кои програмот ги црпи од зададените составници.

MRP II - креирање нарачки и преглед на добавувачи

Терминското планирање представува најнизок оперативен план, каде ги распоредуваме поединечните работни операции во однос на ограничените ресурси и потребни алати. Така на основ на направен распоред на работни операции со помош на алатките за креирање на нарачките према добавувачите и преглед на нарачките према добавувачите, ги прегледуваме и правиме акција на нарачки по потребни материјали, суровини и полупроизводи, кои се потребни за изработка на одбраниот производ.

MRP II - креирање на работни налози од терминскиот план

Кога еднаш ќе ги одредиме термините на поединечните операции, потребно е истите да се пренесат во оперативното изведување во облик на работна документација, која се води во облик на работни налози. Оваа алатка е наменета за креирање на преглед на работни налози од прозорот на терминското планирање.