Сметководство на Cloud

Во склоп на PANTHEON Хостинг направена e соработка со најголемиот телекомуникациски оператор– Македонски Телеком, каде што се чуваат вашите податоци од PANTHEON. Серверот е секогаш активен, така што податоците Ви се постојано достапни.

Што е PANTHEON Хостинг?

Податоците кои ги впишувате во програмот PANTHEON (на пример фактури, сметководство, плати итн.) сочувани се во база на податоци, која стандардно се наоѓа на посебна единица – сервер. Серверот е секогаш активен, за да може податоците секогаш да бидат достапни, а поради тоа на серверот се наоѓаат и соодветни сигурносни услови кои спречуваат губење на податоци.

PANTHEON Hosting - scheme

Во други случаи за споменатата серверска опрема, грижата е ваша или на вашиот провајдер, а во исто време треба да ја оддржувате редовно. Со услугата Хостинг, тие грижи ги нема, поради тоа што Вашата база на податоци е зачувана во дата центарот, каде што е сигурна и технички заштитена беспрекорно. Овде не се работи за интернет апликација која се наоѓа преку пребарувач, туку на својот компјутер имате подесено PANTHEON како обичен програм, само што преку интернет се поврзувате на Вашата база на податоци. За работа Ви е потребен само PANTHEON и брза интернет конекција.

  • Едноставна и сигурна размена на податоци,
  • Сигурност на складирани податоци,
  • Брза обработка и заштеда на време,
  • Повеќе време за анализа и советување со клиентите,
  • Едноставен и брз пристап од било каде,
  • Прием и издавање на фактури,
  • Електронско архивирање на податоци,
  • Редовно ажурирање соодветно со законодавството,
  • Работа по меѓународните сметководствени стандарди,
  • Широк спектар на поддршка и помош,
  • Без инвестиции: корисникот плаќа онолку колку што го користи програмот.

Едноставно

Крај на рачното впишување на податоци. Вашите услуги ќе бидат побрзи и поконкурентни.

Брзо

Брз пристап до ажурираните податоци било кога, било каде 24/7, само е потребен интернет.

Поволно

Минимална почетна инвестиција и до 85% намалени трошоци на лиценците.

Сигурно

Сите податоци се чуваат во дата центарот, каде што е загарантирана безбедноста.

Ценовник за Хостинг

Препорачајте го PANTHEON

Како наш лојален корисник, кој шири добар глас за програмот и го препорачува на своите клиенти, од секоја нова продадена лиценца на Хостинг, Ви признаваме две месечни претплати како подмирени во однос на програмот за наредната година, каде секој месец се пресметува пропорционален дел. Ако на основа на вашата препорака некој одлучи да купи лиценци, ќе бидете наградени со 10% од вредноста на лиценците, купени на основа на вашата препорака.

Услови на работењето

Побарајте не на 02 3079 231

Побарајте не за заедно да го одбереме соодветното решение за оптимизација на работните процеси во вашето претпријатие!

X